ОВИЕ ПРАЗНИЦИ COCA-COLA ГО СЛАВАТ ДУХОТ НА ДЕДО МРАЗ ВО СИТЕ НАС

ОВИЕ ПРАЗНИЦИ COCA-COLA ГО СЛАВАТ ДУХОТ НА ДЕДО МРАЗ ВО СИТЕ НАС

Coca-Cola денеска ја претставија долгоочекуваната празнична кампања „НА СВЕТОТ МУ СЕ ПОТРЕБНИ ПОВЕЌЕ ДЕДО МРАЗОВЦИ“, во чии рамки делата што изобилуваат со добрина, добра волја и дарежливост се на врвот на новогодишниот список на Дедо Мраз. 

Со овогодишната празнична кампања, Coca-Cola го прославува дедомразовскиот дух во секој од нас, мотивирајќи нè да се придружиме на празничната веселба и заедништво, да споделиме Coca-Cola со саканите, да им помогнеме на соседите или, пак, да изненадиме некој од семејството со празничен оброк. 

Поради тоа што празниците не се празници без реклама на Coca-Cola, телевизискиот спот ќе почне да се емитува на 15-ти ноември, означувајќи го почетокот на празничниот период од годината. 

Силната поврзаност помеѓу Coca-Cola и Дедо Мраз трае повеќе од еден век. Coca-Cola бележи долга поврзаност со сликата на Дедо Мраз, откако неговиот лик за првпат бил употребен во празничните реклами во 20-тите години на минатиот век. Во 1931-вата година, Coca-Cola го ангажирала Хедон Сандблом, илустратор од Мичиген, да создаде слики од Дедо Мраз што ќе бидат вметнати во празничните реклами на брендот. Препознатливата слика е синоним за Coca-Cola, а оригиналните дела може да се најдат во уметнички галерии низ светот. 

Поради тоа што духот на добрина, дарежливост и добра волја живее во сите нас, Coca-Cola состави дигитален квиз за да утврдите каков Дедо Мраз сте. Со помош на квизот „Дознај каков Дедо Мраз си“ (Find Your Inner Santa) достапен преку апликацијата Coca-Cola и преку пребарувачот во вашиот мобилен телефон, ќе добиете одговор на тоа каков вид Дедо Мраз сте врз основа на вашите одговори. 
Поради тоа што темата на годинашната кампања е токму поттикнување на празничната добрина, Coca-Cola стапи во партнерство со Црвениот крст преку донации и меѓусебна поддршка. Како дел од празничната кампања, Coca-Cola ќе донира средства на Црвениот крст.

За повеќе информации посетете ја страницата https://www.coca-cola.com/mk/mk/offerings/xmas-2023.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста