Влези излези од владата – Tаравари пак размислува за опозиција

Влези излези од владата – Tаравари пак размислува за опозиција

Клучот за опстанок на владата на Ковачевски во рацете на Таравари. Старо новиот партнер во СДСМ, повторно најави можност за напуштање на власта со што може да ја урне Владата и да ги убрза изборите. Таравари рече размислувале до крајот на месецов дали да ги напуштат Ковачевски и Ахмети. Доколку се остварат заканите на лидерот на Алијанса, практично сегашната влада нема да има ниту просто мнозинство. Без 8те пратеници на Таравари, владата би била нефункционална. Доколку Алијанса замине, следно е изгласување на недоверба на владата, и формирање на ново парламентарно мнозинство. Но бидејќи изборите се многу блиску една од опциите се или лидерска средба со цел што понатаму или убрзување на датумот за одржување на изборите.

Поранешната пратеничка Марковска за Алфа вели дека не е сосема сигурна дека Алијанса би ја напуштила власта, оти како што вели зошто воопшто влегоа во владата ако се решени да делуваат опозициони. Според Марковска, можни се три сценарија, зошто во ваков период Таравари дава ваква изјава. Едната од нив е дека гледаат дека опозицијата се повеќе се засилува и најверојатно ќе формира влада, па сакаат да се спасат од пораз на нивната партија ако останат во коалиција со СДСМ и ДУИ.

Тоа по мене би значело, или самата влада да биде поддржана од пратениците, а да излезат министрите или политички маневр со цел да се изгласа законот за амнестија, или евентуално ново прегрупирање кои би ги засилило позициите на Алијанса пред изборите, вели Ѓулисана Марковска – поранешен пратеник.

Првиот човек на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски вели дека овој чекор на Таравари е можеби само затоа што сакаат да се спасат од бродот што тоне, односно претстојниот пораз на владината коалција на изборите.

На Таравари му одговара да ја избира оваа варијанта, да оди самостојано, затоа што токму тоа, тој гледа дека бродот тоне и одговорот му е што, односно гледаат сламка спас во последен момент ако може да се извлечат од таа ситуација, вели Живко Јанкуловски – Подем.

И пораншениот пратеник Трајче Димков е со сличен став, тој за Алфа вели дека не само Алијанса, вакви најави, но и напуштања на владината коалиција во идниот период може да очекуваме во голем број.

Сега пред изборите може да очекуваме и многу други партии да го направат тоа. Јас претпоставувам дека на СДСМ сега ќе им се случи бродолом, ќе почнат да им бегаат многу коалициони партнери и тоа ќе се случува се повеќе. Оти сфатија тие дека следниот мандатар е Христијан Мицкоски и тој ќе ја составува владата, вели Трајче Димков – поранешен пратеник.

Пред неколку месеци партијата на Трајанов ја напушти владата на Ковачевски, најави за евентуално напуштање на власта имаше и од ДОМ.

Инаку Алијанса на Албанците неколку пати влегуваше и излегуваше од владата, првото нивно напуштање беше уште во времето кога на чело на СДСМ беше Заев, а прв човек на партијата беше Села. Причина за ова разединување беше токму заминувањето на Таравари од министерската позиција за да седне на градоначалничкото столче во Гостивар. Тогаш Села бараше министер за здравство да биде некој повторно од АА, но Заев не даде. Неколку години подоцна, односно во февруари годинава, Алијанса пак влезе во владата и ја спаси премиерската фотеља на Ковачевски во периодот кога ДС заминаа од владата и се појавија фракциите во ДУИ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста