Си ја мести ли Груби „Бехтел и Енка“ и за автопатот Охрид-Кичево? Наместо да го доизгради, Владата ќе бара раскинување на договорот со кинезите
Првиот вицепремиер Артан Груби бара раскинување на договорот со кинеската компанија “Синохидро” задолжена за автопатот Кичево-Охрид кој се гради 10 години за сума од фантастични 600 миолиони евра. И не само што нема да биде готов до крајот на годинава како што беше предвидено,не е пуштен во употреба нити еден метар асфлат на делницата од 40 километри.
“И сега дали е изведувачот, дали е проектантот, дали е надзорот, тоа нека го утврди јавното обвинителсвто, а политичарите да размилсат до декември како ќе одлучуваат,но вака не може да се продолжи.Ако треба нека се прекине, нека се даде на луѓе кои што знаат да го направат патот и нека се изградат автопатиштата. И да се започне кривична постапка за погрешно поектирање,11 нови свлечишта на Кичево – Охрид, тоа е апсолутно неприфатливо”-рече вицепремиерот Артан Груби.
Груби зборуваше за намерни грешки во поектирањето и бесконечно одовлекување на проектите, а случајно или не, не испушти да го спомне конзорциумот Бехтел и Енка. Не знам како ќе гласаат пратениците на крај на декември во однос на продолжување на тој договор,но кога ги започнавме разговорите со менаџерите на Бехтел и Енка за изградбата на коридорите 8 и 10Д, ни рекоа дека ќе бидат готови пред да се заврши,кинескиот афтопат што навистина се случи, рече Грби кому толку многу му се слошило по пат, што морал да застане кај вилата на премиерот да се освежи.
Премиерот пак не сакаше да каже дали и нему како и на Груби му се испревртеле цревата на пат кон Охрид и зошто се чекаше првата конференција за патна инфраструктура за да е отворат картите? Не одговори и дали ставот на Груби има некаква позадина,со оглед на тоа што интегративците со години молчеа,иако очигледно имале сознанија што се случува? Ковачески само се сложи дека било недозволиво да се гради еден автопат 10 години.
“Треба да се направи ревизија и врз основа на неа да се донесе одлука како да се продолжи, а една од опциите е секако и раскинување на договорот” – рече Ковачески.
Иако беше најавена изјава на министерот за транспорт и врски Бочварски, кој рамо до рамо со Груби се смешкаа додека Ковачески даваше изјава,кога му дојде редот-буквално избега од камерите.На отворањето на конференцијата во поздравното обраќање зборуваше како во државава да тече мед и млеко кога е во прашање патната инфраструктура.
Росица Голабоска