СДСМ свесна дека заминува во опозиција- единствента бобра е ден повеќе да останат на власт

СДСМ свесна дека заминува во опозиција- единствента бобра е ден повеќе да останат на власт

Сите потези на Димитар Ковачевски и СДСМ последниве неколку месеци покажуваат дека тие веќе воопшто и не се надеваат дека ќе останат на власт. На Илинденска се само со една амбиција, да се остане ден повеќе. Тоа го докажува и донесувањето на Кривичниот законик со европско знаменце и покрај жестоките критики од јавноста, а и најавата дека по брза постапка ќе се носи законот за амнестија. Според познавачите целта на власта е да остане колку може подолго со цел да што повеќе да ги наполни своите џебови. Поради тоа според политичкиот аналитичар, Александар Ристевски јасно е дека владејачката СДСМ ќе се обиде на секој можен начин да избегне парламентарни и претседателски избори во исто време.

Сето ова што се случува во последниве неколку месеци едноставно само ги дава насоките на тоа што е повеќе од очигледно, дека е една политичка структура која што тоне, која бара излез како при крајот на своето владеење условно наплати и како да покрие одредени недоследности на нивните кадри и персонал кое што го правеа последниве години. Така да гледате само една структура која што во очај, која по секоја цена се труди да го покрие или затскрие тоа што го правеа во изминативе 6 или 7 години, изјави Ристевски.

Ситуацијата кај ДУИ пак изгледа малку подобра од онаа кај СДСМ, но според Ристевски и кај нив не е баш како што посакуваат. Вели и тие губат гласови, но она што може да ги спаси е тоа што опозицијата во албанскиот политички блок е се уште многу слаба.

ДУИ во последниве 6-7 години, поготово, во владеењето во последниве 3 и пол години со вториот мандат кој што го добија, тие се донесоа во една привилегирана ситуација, каде што бувкално наплатија за се што посакуваат. Добија огромно мнозинство, добија огромен број на владејачки функции. И проблемот кај нив е што опозицијата кај тој албански политички блок е многу поразделена и подинсфукционална, изјави Ристевски.

Инаку според последната анекта на ИПИС, ВМРО ДПМНЕ има двојно поголема предност од СДСМ, за опозициската партија би гласале 20,3 проценти, додека за владејачката 11,3.

Христијан Мицкоски пак има речиси три пати повисок рејтинг од премиерот Димитар Ковачевски. Во првиот човек на опозицијата веруваат 16,5 проценти од граѓаните, додека пак во лидерот на СДСМ само 5,6.

Дури 66,6 проценти од луѓето пак сметаат дека изборите треба да се одржат во ист термин, а не посебно.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста