Села фалсификувал потписи на неговото Собрание, повикот за разрешување на Таравари бил неоснован?!

Села фалсификувал потписи на неговото Собрание, повикот за разрешување на Таравари бил неоснован?!

Кој кого ќе разреши? Два паралелни конгреси ќе се одржат викендов на Алијанса за Албанците. Во пресрет на конгресот на Таравари закажан за вечерва, адвокатот на партијата објави дека Зијадин Села и сите кои учествувале на Собранието на партијата минатата недела направиле тешки повреди на статутот. Села фалсификувал потписи на дел од советниците, а голем дел од потписниците воопшто не биле советници. Записникот од собранието не бил доставен до архивата на партијата, а барањето за разрешување на Таравари било неосновано.

На тоа Собрание се фалсификувани потписи на дел од членовите на Собранието-советниците и исто така и изменети со имиња на други членови кои воопшто не се советници. На Конгресот на 27.03.2022 и на одржаните собранија на 17.09.2022 и 21.1.2023 избрани се советници со вкупен број 137. Од тие јас имам изјави од 70 советници кои не присуствувале на Собранието и коишто дале изјави на нотар дека не биле на тоа Собрание на 10 февруари. Затоа тој собир го нема потребното мнозинство да се одржи, затоа што не биле присутни ни половина од легитимни советници и не може да се свика Конгрес зошто нема двотретинско мнозинство, истакна Абидин Абдули.

Од изјавите дадени во јавноста и други проверки констатираме низа статутарни прекршоци и тоа повреда во свикување на собранието каде е повреден член 71. ц, прекршен член е 49, иницијатива за разрешување на претседател треба да се базира на принципи од член 50 од статутот на нашата партија, но е прекршен од страна на претседател на Собранието, без да се констатира причина, иницијатива за прекин на мандат на претседателот не е донесена со двотретинско гласање од состав на партиско собрание и друго, образложи Алиу.

Бидејќи Таравари веќе втор пат го надитри неговиот сега веќе ривал Села, и пред него закажа конгрес – министерот Кренар Лога кој е силен поддржувач на Села, најавувајќи го собирот рече дека секоја друга информација за поразличен настан од нивниот кој ќе се одржи во недела, била само обид за дефокус на членството.

Во недела се одржува 4. конгрес на Алијанса за Албанците. Нема промена на датум и локација. Добредојдовте во нашиот дом! Секоја друга информација која кружи освен оваа официјална информација е лажна и обид за измама и дефокусирање на членството – напиша Лога.

Иако крилото на Села, има намера да го разреши Таравари од позицијата претседател на партијата – одлука која ја донесоа на централното собрание, aктуелниот партиски лидер верува дека ја има поддршката од мнозинството. Тој иако извесно време тврдеше дека не е заинтересиран за претседателска трка, вчера ја најави. Според Таравари, дојдено било време Македонија да има претседател Албанец и се спореди себе си со поранешниот американски претседател Барак Обама. Во интервју за Еуроњуз порача дека ниту Еди Рама, ниту Албин Курти не го терал да се кандидира за претседател на Македонија.  Во оваа борба за фотелјата на Водно, тој има поддршка од обединетата опозиција во албанската заедница. Токму оваа наклонетост на Таравари кон опозицискиот блок, предизвика внатрепартиски земјотрес што резултираше со разрешување на двајца министри – приврзаници на Таравари.

https://youtu.be/-W7_ElwJlr4
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста