Само албански знамиња во одредени општини: Во некои делови од Македонија човек може да се запраша дали воопшто е во Македонија

Само албански знамиња во одредени општини: Во некои делови од Македонија човек може да се запраша дали воопшто е во Македонија

Вратено црковното знаме пред манастирот на Попова Шапка кое противзаконски беше заменето со албанско. Го поставил 33 годишник од тетовска Мала Речица, домот на владејачката партија ДУИ. Оваа можеме да кажеме и провокација доаѓа од јарболот поставен до крстот на Шапка, кој стана проблем проблем за партијата на Али Ахмети, но и другите партии од албанскиот политички блок, па дури беше побарано и негово отстранување.

Од МВР соопштија дека лицето било идентификувано и приведено на информативен разговор.

-Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, велат од МВР.

По повод 28 ноември, Денот на албанското знаме, овој симбол осамна низ многу делови од Македонија. На пример на главната улица во Сарај можеме да го забележиме само албанското, а никаде го нема македонското.

На патот кон Матка, едно од најубавите места во Македонија, сепак можеме да помислиме дека воопшто и не сме во Македонија, тука не можеме да видиме ниту едно македонско знаме. На главниот јарбол во Општина Сарај, но и на многу други места во оваа општина можеме да видиме само знамиња од друга држава.

Во цел Сарај, екипата на Алфа успеа да забележи само едно македонско знаме, поставено до албанското и уште три други знамиња.

Во цела општина Сарај екипата на Алфа успеа да детектира само едное македонско знаме, поставено пред општината, што е и според законот за знамиња, каде што мора да има македонско знаме бидејќи станува збор за инситуција, јавна институција финансирана од парите на македонските граѓани.

При нашата посета на Сарај одговор зошто нема ниту едно македонско знаме на главната улица сакавме да побараме од градоначалникот Блерим Беџети, но не успеавме, утринава прво не можевме да го добиеме на неговиот телефон, потоа отидовме пред општината, но Беџети не беше таму, за на крај да не побара да ни каже дека бил настинат и пиел антибиотици, па не можел да дава изјави.

-Моментално не е тука градоначалникот. (Некој задолжен за ПР?) Не не, немаме денеска присутен, бидејќи нели до 12 работиме, кажа еден од вработените во општината.

Дека сте во друга држава може да помислите и кога ќе отидете во Кичево. Според фотографиите и таму на улиците можете да го видите само албанското знаме, а не и македонското. За ова реагираше и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Гледаме и оваа година како и сите претходни  градоначалникот Дехари  со флагрантно прекршување на законот за знамиња и со пари на сите граѓани го прославува празникот на знамето на туѓа држава. Изминативе денови побрза да ги симне сите државни Македонски знамиња и да го накити нашиот град со стотици знамиња на туѓа држава прекршувајќи го законот за знамиња, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај Сарај, Алфа направи обиколка и на општина Чаир, каде градоначалник е Висар Ганиу. Таму можевме да зебележиме дека покрај албанските има и македонски знамиња, што е согласно законот за употреба на знамињата. Таму е пропишано дека во општините каде што живеат над 50 проценти граѓани од друга заедница освен македонското имаат право пред и во објектите на органите на општината можат да го истакнат своето знаме, но мора да го има и македонското.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста