Мерко останува недопирлив – предизборно власта нема интерес да го гони
И после пет месеци откако САД го стави Рамиз Мерко на црна листа,власта нема интерес да го гони, посебно не во овој момент кога се прават разни договори и планови за коалицирање со цел да се приграби власта и да се добијат изборите-велат од Центарот за европски стратегии, Евротинк.
“Знаеме дека се ближат избори и дека моментално се прават предизборни коалиции.Постојат секакви пресметки, мислам дека тој е сеуште доста популарен политичар и доколку институциите почнат да работат, да ги процесуираат неговите предмети, тоа може да ги загрози предизборните коалиции кои во овај момент не смеат да страдаат “- вели Изјава Димитар Николовски-извршен директор на Евротинк
Не очекувам дека до изборите ќе има судска разврска за некој од предметите,а потоа се ќе зависи од тоа кој ќе дојде на власт, вели Николовски.
Инаку, од вкупно 30 заведени предмети од кои најстарите датираат од 2006-та година, во моментов против Мерко за периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник, се водат 16 предмети –но со измените за киривичниот законик речи сите застаруваат.Од судството и обвинителството, дигаат раменици и се амнестираат од одговорност иако постапките против Мерко фаќаа прашина во нивните фиоки цели 17 години. За случајот Мерко и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да постапува по 5 предмети, меѓу нив е оној со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција.
”Да бидам искрена јас очекував дека побрзо ќе има некакви резултати,заради тоа што јавноста беше прилично заинтересирана и домашната и меѓународната јавност.Mислам дека треба пред се политиката да си ги тргне рацете од професионалците”-вели Билјана Ивановска од ДКСК
Граѓаните имаат ниска доверба во судството, судиите очигледно немаат храброст да го соочат Мерко со лицето на правдата.Тој пак не понесе нити морална одговорност бидејќи за такво нешто не постоеше сигнал од неговата матична партија и нејзините коалициони партнери.Мерко ќе остане на градоначалничката фотеља до завршуваше на неговиот мандат, велат нашите соговорници.
Росица Голабоска