Проекти налик на „желба“ наспроти конкретни планови за економски напредок

Проекти налик на „желба“ наспроти конкретни планови за економски напредок

Расфрлање бројки и конкретни проекти – Економијата и посветеното работење за подобрување на  животниот стандард фокус во изборните програми на двете најголеми партии. ВМРО-ДПМНЕ со коретни и во детали објаснети 1198 проекти од кои најголем дел посветени на граѓаните и стопанството. Од друга страна СДСМ со бројки за покачување на плати и пензии до некое идно време, во програма која е веќе видена. Преголеми ветувања за просечна плата од 1100 евра во наредните четири години, а ако сме влезеле во Европска Унија дури тогаш ќе бил просекот 1300 евра. Димитар Ковачевски се пофали со покачување на пензиите кои со месеци на улица бараат достоинствен живот . Тој на лицата од третото доба им ветува минимална пензија од 20 илјади денари во 2028 година, а просечна од 30 илјади ама за четири години.

Наспроти ова ВМРО – ДПМНЕ ветува 55 илјади нови работи места, 5000 денари покачување на пензиите уште во првата година од мандатот . Што се однесува до платите, од моменталната опозиција не калкулираат со бројки, туку растот на платите според нив ќе биде генериран од конкретните реформски мерки и политики. Растот на економијата ќе биде проектиран на 5 отсто годишно.

Капиталните инвестиции се во фокусот и на двете партии. Она што е различно е што ВМРО – ДПМНЕ наведува конкретно како и кога ќе го реализира. Партијата на Мицкоски планира да вложи три милијарди евра во инфраструктурни проекти. До 2026 завршување на автопатот Кичево – Охрид, изградба на Тетово – Гостивар и Битола – Прилеп, реконструкција на железничкиот коридор и набавка на возови.

СДСМ пак вети 194 километри патишта до 2028 година иако изминатите години додека беа на власт се фалат само со реконструкции и завршени автопати од претходната власт. Целиот мандат СДСМ и ДУИ не успеаа да обезбедат доволно количество на енергија па сме увозно зависна земја. Сега од ракав извадија проект дека ќе ги враќале капацитетите во рацете на граѓаните

За разлика од ова ВМРО – ДПМНЕ вети дека ќе формира министерство за енергетика кое ќе се занимава со управувањето на капацитетите, модернизација на постоечките и ставање во функција на она што не се ни одржуваше како што треба изминатите години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста