Игри со урбаната опрема во Oхрид?! – Угостителите се жалат на бавните административни процедури
Министерството за култура им ја скрои капата на охридските угостители. Буквално сите угостителските објекти кои имаат поставено маси и столици на терасите вдолж охридската ривера, работат на диво и без одбрение и тоа не по своја вина.Иако општина Охрид навремено,уште на почетокот од годинава ја донесе програмата за поставување на урбана опрема, угостителите не можат и да платат комунална такса,затоа што охридскиот завод и музеј кој патем до сега се изјаснуваше по однос на програмата за поставување на урбана опрема, овој пат истата ја препратиле до Управата за заштита на културно наследство. Угостителите вријат, без урбана опрема Охрид велат не може да функционира. Наместо да работиме во полн ек, ние стрептиме да не ни дојде инспекција и да не казни, зошто-затоа што намерно или не, се одвлекува административната процедура која може да се заврши брзо,па дури и да се направат контроли на терен.
- “Тоа може за два дена да се заврши работа,не теба да чекаме некој со закани,ќе ве казниме, ќе добиете ова, ќе добиете она.Наместо да не поттикнат ние да работиме што повеќе нешто и за градов, ние од прва кочица.Затоа што ние не работиме во подруми, в керал или негде на планина,за еден ден можат да ги свртат сите” –вели Љупчо Патче,угостител.
По однос на програмата за поставување на урбана опрема,Општина Охрид веќе 3 месеци чека повратен одговор од охридскиот завод и музеј.
- “И за прв пар Завод и музеј наместо да ни даде позитивно или негативно мислење ако има некакви забелешки, е испратена на Национална комисија на Унеско.Трет месец Охрид повторно заради министерката за култура со нејзина лична наредба и сите околу неа би ги нарекол штетници на Охрид,нема урбана опрема”-вели Кирил Пецаков,градоналачаник на Охрид.
Од охрискиот Завод и музеј велат дека тие изработиле стручно мислење, ама бидејќи се работело за регион под заштита на Унеско,програмата за поставување на урбана опрема била доставена до Управата за заштита на културно наследство.Дискутабило е зошто прв пат сега се воспоставува ваква практика кога Охрид под закирила за Унеско е 44 години.
Росица Голабоска