Приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети

Вечерва во центарот на Скопје е приведен Дрин Ахмети, потврдуваат за Алфа полициски извори.

Специјалната полициска единица Тигар го привела затоа што во автомобил марка Ренџ ровер било пронајдено поголемо количество петарди.

„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „Ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок”, велат од МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста