Прилеп, со богата предновогодишна програма под Градскиот саат ја испраќа старата 2023-та година

Прилеп, со богата предновогодишна програма под Градскиот саат ја испраќа старата 2023-та година

Со искрени желби за здравје, среќа и бериќет, а пренесени од најсаканиот дедо на светот – Дедо Мраз, градот под Марковите Кули од под симболот на градот – Градскиот саат, со богата предновогодишна програма ја испраќа веќе изветвената 2023-та година.

  „Пожелувам среќна Нова година, среќни Божикни празници. Здравје на сите и се друго останато, односно пари повеќе. Без пари нема здравје, нема љубов, нема среќа“, – порача прилепскиот Дедо Мраз.

  • „Кажи ми, која ти е желбата, што да ти донесе Дедо Мраз за Новата година“ ?
  • „Да учам многу и да имам книги“.
  •  „А дали сакаш Дедо Мраз да ти донесе некоја играчка“?
  • Не, јас сакам книги“, –  ни рече малата Марија.

    „Јас сакам куче да имам, новогодишната желба ми е куче, и да, јас веќе му ја испорачав на Дедо Мраз“, – ни кажа 10-годишната Таиса.

     „Мило ни е што на денешниов прекрасен ден ги завршуваме трите денови од предновогодишниот Базар. Во исто време сакам да им ја честитам и Новата година, не само на моите сограѓани, туку и на сите гости. Средствата кои ги планиравме за дочекот на Новата година ќе бидат наменети за хуманитарни цели“, – изјави градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

    Инаку, годинава за првпат, во прилепската Стара чаршија беше организиран тридневен предновогодишен Базар, кој според организаторите, има тенденција да прерасне во традиционален.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста