Пензионерите и синдикалците контра владините предизборни мерки

Пензионерите и синдикалците контра владините предизборни мерки

Скромни пакетчиња за Нова Година , а не реални решенија Антикризните мерки не го смируваат револтот .  Пензнионерите не отстапуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите оти пакетот мерки кој ќе донесе 1500- 3000 денари и тоа само  за период од шест месеци  нема да им овозможи подобар живот . Тие бараат  долгорочно решение и вистинско покачување на пензиите. Дополнително со тоа што со мерките се опфатени околу 187.000 пензионери од вкупно 338 241 кои се во Македонија ќе се направи раздор и дискриминација. Тие сепак ќе одат на голем протест пред Собрание идниот вторник.

Владата не одвои пари за администрацијата во новиот пакет .  

Големиот протест кој минатиот петок ги собра административците од речиси сите сектори на Илинденска изгледа не беше доволен аларм за властите,  Од синдикатот на УПОЗ алармираат оти  Владата готви и законски решенија  за во скратена постапка или со европско знаме да ги измени сите посебни закони за да вработените во месец март не добијат усогласување кога ќе се покачи минималната плата.

Пакетот антикризни мерки е таргетиран и насочен кон одредени групи на граѓани . Мерките се чекаа и беа најавувани со месеци , нејасно е зошто на Владата и требаше толку време да ги донесе . Парите кои ќе се излеат од државната каса , власта уверува дека нема да се преку задолжување   туку дел биле собрани од солидарниот данок и од приливи од јавни давачки  .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста