По речиси цели две децении на власт, ДУИ конечно заминува во опозиција

По речиси цели две децении на власт, ДУИ конечно заминува во опозиција

ДУИ победи, но изгуби кај Албанците. Иако велат дека се позиционирале како втора политичка сила во Македонија, сепак интегративите ќе одат во опозиција. Сега на власт се очекува нова сила од албанскиот блок, коалцијата Влен која според дел од експертите дури и со 13 пратеника што е за 6 помалку од ДУИ, се наметнаа како сериозна фигура на полтичката сцена. Аналитичарот Љуљзим Фаризи вели колацијата предводена од ДУИ освои 19 пратеника, но изворно таа бројка не е само од изворните гласачи на Ахмети. Што е опасност за интегратиците дека нема да ја задржат таа бројка на пратеници под нивна контрола.

Ако правиме анализи на разултатите, излегува дека 9 пратеници од 19 освоени од страна на ДУИ , не се од ДУИ , туку од другите политчки партии. Тие веројатно кога избегале од нивните матични партии зошто да не се врата пак? Дополнително тука имаме и турци кои освоиле место и мислам дека тие нема да останат со ДУИ иста парламентарна група во собрание. Мислам дека ДУИ треба да прави реформи, вели за Алфа, Љуљзим Фаризи – аналитичар.

Фаризи вели дека ВЛЕН сега се претвориле во коалција која седнува на местото на ДУИ после безмалку 20 години власт и коалција која треба да ја смени сликата за албанците во Македонија.

ВЛЕН немаше против кандидат односно политичка опција која можеше да ги загорзи нив и тие се апсолутни победници бидејќи и во средините кај што живеат етнички албанци и кои излегле на гласање, ја изразиле нивната воља за ВЛЕН да ги застапува во влада. Многу е легитимно ВМРО-ДПМНЕ да прави Влада со ВЛЕН особено што треба еднаш засекогаш да им стави крај на криминалот и корупцијата и на еден стандард кај албанците бидејќи преку ДУИ 23 години перцепцијата на македонците за албанците дека се неписмени, крадци, не ја сакаат државата, и ова е типичниот момент ога ВЛЕН ќе треба да ги застапува албанците и да докажат дека и албанците ја сакаат оваа држава, вели за Алфа, Љуљзим Фаризи – аналитичар.

Според Фаризи ДУИ можеби , вчера славеле, но славеле пирова победа бидејќи тие веќе не се претставнции на албанското гласачко тело , ВЛЕН се опцијата која црпи гласови 100% од албанскиот политички блок. Аналитичарот вели многу е легитино ВМРО-ДПМНЕ да ги земе ВЛЕН во коалција, а не ДУИ, мешудругото бијдеќи токму интегративците се оние кои во 2017 година го прекршија правилото за коалцијрање победник со победник, кога иако ВМРО-ДПМНЕ победија, партијата на Ахмети направи влада со СДСМ кои беа второ рангирана партија.

Инаку вчера и ВЛЕН и Европскиот фронт славеа победа. Таравари, Касами, Меџити и Гаши пред Скендер Бег вееја знамиња и делеа ефридоли, а ДУИ во партискиот штаб во Мала Речица каде си го дадоа приматот на втора најсилна партија во Македонија.

https://youtu.be/m2DQGS3n7Tk

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )