Агелер, Вархеи, Гир, Орбан, Вучиќ, Пленковиќ – Почнаа да пристигнуваат честитките од меѓународната заедница

Агелер, Вархеи, Гир, Орбан, Вучиќ, Пленковиќ – Почнаа да пристигнуваат честитките од меѓународната заедница

Лидерите од регионот и претставниците на меѓународната заедница им ја честитаат двојната победа на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори. Претставницте на меѓународната заедница во земјава очекуваат тесна соработка со новата влада и претседателка како и придвижување на Македонија кон ЕУ. Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеј нетрпеливо очекува да работи со новоизбраната претседателка.

Честитки за новата претседателка на  Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Силјановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори, напиша Оливер Вархеј, еврокомесар за проширување.

Честитки до Давкова Силјановска пристигнаа и од преставници на меѓународната заедница во земјава. Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Дејвид Гир, утрово и ја честиташе победата на новоизбраната претседателка. Тој очекува тесна соработка со неа за европска иднина на Македонија.

Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата, напиша Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Дејвид Гир

Честитки упати и американската амбасадарка во Македонија, Анџела Агелер. Таа упати срдечни честитки до Силјановска Давкова како и до граѓаните кои излегоа на гласање. Агелер најави дека САД ќе продолжат да ги подржуваат целите за просперитет и целосна евроантланска интеграција на земјава.

На честитките се приклучи и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, напиша Виктор Орбан, премиер на Унгарија.

Честитки стигнуваат и од соседна Србија и Хрватска. Прв честиташе српскиот претседател Александар Вучиќ.

Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион, вели Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во објава на социјалната мрежа Икс честиташе победа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и до новоизбраната претседателка.

Исто така и Лидерот на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша му ја честиташе двојната победа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )