Скандалозна прослава на денот на албанското знаме во училиште во Струга

Скандалозна прослава на денот на албанското знаме во училиште во Струга

Во основното училиште “Гоце Делчев” во струшкото село Подгорци oд страна на в.д. директорот Адем Ајдароски се организирала скандалозна прослава по повод денот на албанското знаме на која се пееле песни за Голема Албанија,се вееле знамиња со изцртани карти од  Глема Албанија со делови од територијата на Македонија во неа. На овој начин практично се изврши  злоупотреба на децата на кои им се наметнува антимакедонска идеологија која за нив се непојмлива, затоа што во основото училиште настава на албански јазик следат само 6 ученици додека 259 ученици учат на македински јазик ,вели претседателот на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ,Ален Деребан.

  • ”Очекуваме   ние како политичка партија од јавното обвинителство согласно член 272 од Законот за кривична постапка за скандалозната прослава да поведе кривична постапка против организаторот, директорот и против сите учесници, за сторено кривично дело предизвикување на омраза, раздор и нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа  казниво по член 319 од К.З Ако обвинителството не постапи по служена должност, ние ќе иницираме и ќе ја поведеме таа постапка. Прославата не е изолиран случај, откако именуваното лице е поставено за в.д. директор се направаени и неколку обиди за преименување на училиштето, од Гоце Делчев во Подгорци, во Усеин Идризи”, вели Ален Деребан-Претседател  на О.К на ВМРО ДПМНЕ-Струга.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста