Никој не знае колку странци работат во Македонија

Никој не знае колку странци работат во Македонија

Владата да го промени законот за вработување и работа на странци и по примерот на Хрватска да ја укине квотата за работни дозволи за странци.Ако хрватите кои ја собраа македонската работна сила посебно во угостителството,годишно издавајќи 108.000 работни дозволи за странци,нашата држава законски издава само 3.700 дозволи и тоа во услови кога македонците масовно се иселуваат,а државата нема стратешки план како да ги задржи. Ова посебно го бараат туристичките работници кои останаа без жив човек,па улогата на келнери и кувари ја превземаат странци претежно од јужна и југоисточна Азија, кои не знаат нити што работат,нити пак можат да се разберат оти не знаат нити англиски, а камоли македонски јазик.Иста е ситуацијата и во другите сектори, посебно во градежништвото.Колката е точната бројка на странци кои работат во земјава никој не знае.

  • Со бројка не можам да калкулирам,странски работници има во Македонија. Дека има странски работници кои што работат на црно има и такви кои што не се пријавени,меѓутоа тоа е во надлежност на државните институции”-вели Дејан Ангелоски,Претсетадел на здружение за заштита при работа

Дел од работавачите целосно ги исполнуваат обврските кон работниците, но има и такви кои не ги плаќаат соодветно,не ги пријавуваат, не им обезбедуваа здравствени прегледи и  ги исцрпуваат од прекумерна работа. И во едни вакви услови, неретко се случуваат несреќи при работа кои умешно се прикриваат.

  • Не можеме веќе старата прикаска “дај друго дете”, туки сега навистина она што е квалитетен работник се бара и тоа како и е ценет не само со плата,меѓутоа и другите услови за работа.Денес дојдовме до ситуација да не зборуваме само за пари,колку ми е платата, дојдовме во ситуација да зборуваме кои ни се условите за работа “-вели Борче Стојчевски,стручно лице за безбедност при работа.

Никој не знае точно колку лица настрадале на работно место бидејќи потполно се различни бројките надржавниот инспекторат за труд и оној од Институтот за јавно здравје.Годишно бројот на лица кои ги загубиле животите се движи од 12 до 22,а бројот на повредени е помеѓу 150 до 450 .

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста