Нападите на милитантите поддржани од Иран не попуштаат

Нападите на милитантите поддржани од Иран не попуштаат

Ова видео го прикажува најновиот напад на САД врз објект за обука што го користат иранската војска и нејзините посредници во источна Сирија.

Американски борбени авиони го погодија центарот за обука и оваа куќа на тајна локација како одговор на нападите врз американските сили.

Официјални лица од одбраната велат за Гласот на Америка, дека милитантите поддржани од Иран ги нападнале американските трупи во Ирак и Сирија најмалку 56 пати за помалку од еден месец, а најмалку пет напади се случиле по нападите во неделата.

Дали одвраќањето функционира? Чувствуваме дека е така. Не сме виделе оваа војна да се прошири во поголем регионален конфликт. Нападите што ги преземаме се за да сигнализираме и многу силно да му порачаме на Иран и неговите поврзани групи да престанат. Тоа е целта на тие напади“, рече Сабрина Синг, заменик секретарка за печат во Пентагон.

Го разбирам тоа, но повторно, мислам дека сме многу внимателни за тоа како и кога ќе ги спроведеме нашите напади против овие групи. И мислам дека Иран секако ја гледа таа порака“, додаде таа.

Повеќе од 50 Американци претрпеа полесни повреди или трауматски повреди на мозокот од нападите пред да се вратат на должност, велат официјалните лица.

Двопартиска група сенатори која им кажа на новинарите дека САД имаат среќа што ниту еден Американец не загинал од нападите. и повикува на посилен одговор против Корпусот на гардата на исламската револуција на Иран. 

Доколку Иран продолжи да им се заканува на нашите војници во Сирија и Ирак, вистинскиот воен одговор, според мене, би бил да се погодат базите за обука и инфраструктурата внатре во Иран, рече републиканскиот сенатор Линдзи Греам.

Пензионираниот генерал Франк Мекензи, поранешен командант на американските сили на Блискиот Исток, за Гласот на Америка изјави дека пораката што Америка ја испрати со намалувањето на силите во регионот го остави Иран охрабрен.

Нивната примарна цел останува исфрлање на САД од регионот. И тоа е причината поради која овие напади се зголемуваат“, рече пензионираниот Генерал Кенет Мекензи, поранешен командант на CENTCOM.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста