НБ: Годинава ќе ја завршиме со инфлација од 9,5 отсто и раст од 1,9 отсто

НБ: Годинава ќе ја завршиме со инфлација од 9,5 отсто и раст од 1,9 отсто

Низок раст,  се уште висока инфлација –  Народната банка ги ревидираше проекциите за тоа како ќе ја завршиме годината. Се проектира дека растот ќе биде на ниво од 1,9 % , а инфлацијата од 9,5 % .  Ова се попесимистички сценарија во однос на пролетните проекции од Народната банка  кога се предвидуваше економски раст од 2,1 % , а просечна годишна инфлација во интервал од 8- 9 %  , а попесимистички се и во одност на проекциите од Власта .

Според проекциите , Македонската економија бавно заздравува од кризите . Пооптимистички сценарија Народна Банка има за идната година каде се проектира раст од три проценти и инфлација од 3,5 до четири проценти .  Дури на среден рок за 2025 и 2026 растот ќе достигне четири проценти а инфлацијата ќе се симне на околу 2 отсто.

Притоа, со оглед на повисоките годишни стапки од почетокот на годината, просечната инфлација за периодот јануари ‒ октомври изнесува 10,7%. Во натамошниот период се очекува дополнително забавување на просечната инфлација којашто за целата 2023 година  би изнесувала околу 9,5%. Инфлацијата и во 2024 година значително ќе се намалува до 3,5% ‒ 4% во просек, а понатаму ќе се сведе на околу 2%. , порача Гувернерката на Народната Банка Анита Бежоска Ангеловска.

Статистика измери дека инфлациајта во октомври е на ниво од 3,5 %, а тоа меѓу другото се должи и на затегањето на монетарната политика .  Од 2021 до сега Централната банка ја ревидираше 14 пати каматната стапка .   Доколку се укинат пак мерките кои се на сила за замрзнати цени постои опасност за враќање на цените на старо како и  за притисок врз инфлацијата и ново подгревање.

Остануваат и предизвиците во однос на тоа што најголемиот трговски партнерна Македонија, Германија,  прогласи рецесија.  Се уште останува и неизвесноста поради глобалните случувања, Руско – Украинската криза и воениот конфликт во Израел и Палестина .  Девизниот курс е стабилен и така се очекува да се задржи.  Девизните резерви во моментов изнесуваат 3,9 милијарди евра или 28 % од БДП .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста