Насилсниците остануваат неказнети а семејното насилство се повторува, во најлоша форма завршува со фемицид

Насилсниците остануваат неказнети а семејното насилство се повторува, во најлоша форма завршува со фемицид

Насилниците остануваат неказнети. Семејното насилство се повторува исто како што се повторува судската практика на неказнивост на насилниците. Од вкупно 66 предмети кои ги следеле од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, во периодот 2019 -2020 за само 10 предмети е изречена казна затвор. Условна осуда е изречена во 43 предмети. Судот донел и три ослободителни и 9 одбивателни пресуди.

-Загрижува тоа што и наспроти предвидената построга политика, во пракса се применува многу поблага казнена политика од страна на основните кривични судови. И во најголем број случаи станува збор за условни пресуди, појаснува Стојан Мишев од ЕСЕ.

Затворски казни се предвидени за сите кривични дела поврзани со семејно насилство, псхичко, физичко и сексуално. Но неказнивоста според познавачите, речиси секогаш доведува до повторување на делото, па дури и до смртни последици.

-Семејното насилство кај нас за жал се повторува треба да постојат поригорозни мерки за низвно казнување и најмногу од се изрекувањето на казните, бидејќи при кривични дела при вршење на семејно насилство како што е телесната повреда се изрекуваат условни осуди и се случува и при повторување на делото да се изрекуваат условни осуди. Застрожувањето на казните би довело до влијание дека би требало истото да се намали. Но сепак институционалната работа со жрвите и со целокупниот процес за водење и казнување би требало да добие поголем акцент бидејќи сме сведоци дека во послдениот период имаше многу повторување на семејно насилство каде што имаше и жртви, појаснува адвокатот Катерина Котеска.

Котеска вели дека во нејзината пракса до сега има само една пресуда за ефективна затворска казна за сторител на физичко насилство. А сите останти пресуди дури и при повторување на делото биле со условни казни, кое според неа претствува благ третман на сторителите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста