Народниот правобранител се заинтересира за тортурата врз Тошта во штипскиот затвор

Народниот правобранител се заинтересира за тортурата врз Тошта во штипскиот затвор

Народниот правобранител ќе истражува низ каква голгота поминува Александар Јаневски Тошта, во штипскиот затвор. Алармот за изживувањата врз еден од осудените за 27 април го слушнал и Насер Зибери, но до него се уште не пристигнала претсатвка за случајот кој го обелодени Алфа. Сепак правобранителот е подготвен да реагира и да увиди што навистина се случува во затворот во Штип.

За голготата на Тошта кој е сместен сам во четири ѕида со денови алармира неговата сопруга Тања Јаневска. И покрај заканите кои што ги добивала да замолчи, таа продолжува да бара помош и правда за нејзиниот сопруг. Тој заврши во самица како казна за бегство, а всушнсот Тошта беше задржан во Охридската болница поради хируршка интервенција на неговото срце за што затворскарта управа добила и известување.

Сопругата на Тошта неколкупати излезе јавно на Алфа телевизија да ја раскаже тортурата која ја преживува нејзиниот сопруг во затворот. За потоа да добие и закани од затворските власти во Штип каде што преку нејзиниот сопруг и беше пренесено дека ако уште еднаш даде изјава – Тошта ќе продолжи во самица. Семејството не се плаши од заканите, сопругата е решена правдата да ја тера докрај.

Инаку, Александар Јаневски Тошта е еден 16-те осуденици за настаните во Собранието што се случија на 27 април 2017-та.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста