Власта продолжува насила да ги турка во Собранието  таканаречените стратешки енергетски закони

Власта продолжува насила да ги турка во Собранието  таканаречените стратешки енергетски закони

Законите за таканаречените стратешки инвестиции продолжуваат да се туркаат во Собрание.. Потребата законите да се гласаат по брза постапка поминала уште пред два дена на Пленарна седница, а расправата во матичната собраниска комисија ќе посчне следната недела.

За тие закони  што ги доставија пак од Влада утврдена е потребата за скратена постапка на 145 седница, за нив дополнително ќе се закаже седница на комисија, информираат од Собрание.

Претходно, присуство на седница побараа и од Здружението на инженери, но пратеници од Комисијата за економски прашања од СДСМ  тврдат дека такво барање не е стигнато до собраниските служби.  Инженерите сега се обратија и до  Енергетската заедница со предупредување дека штетите се големи од договорот со Митилинеос не само за Македонија туку и за Европската Унија.

Бидејќи врз основа на Законот за стратешки инвестиции, РКЕ нема надлежност да развива методологии и распределба на трошоците за националните стратешки проекти и Законот за енергетика ги транспонира надлежностите на РКЕ поврзани со проектите од интерес на Енергетската заедница и проекти од взаемен интерес , постои недоследност помеѓу двата закони и правилното транспонирање и спроведување од Регулативата, се вели во писмото

Во новиот изменет текст кој стигна од Владата за кој вицепремиерот Фатмир Битиќи уверуваше дека ги повлекол законите за да ги расчисти дилемите во јавноста, стои дека Македонија ќе го обештети Митилинеос во случај да претпрпат штета поради војна, вонредна состојба во државата или немири .

Во случај на претрпена штета во однос на стратешкиот инвестиционен проект како последица на војна или вооружен конфликт, револуција, вонредна состојба во државата, револт, немири или востанија, Република Северна Македонија му гарантира на стратешкиот инвеститор одобрување на реституција, обештетување, надомест или друго намирување, стои во Законот.

Оваа обврска е  покрај државната помош од скоро 50 милиони евра и обврска да им ја купуваме целата струја и топлина која ќе ја произведат.   Вкупната вредност на гасната централа според договорот со грчки Митилинеос останува иста 290 милиони евра кои ќе бидат обезбедени од стратешкиот инвеститор, но преку заеми.

Според собраниските рокови, законите за која цела јавност е на нозе ќе бидат на комисија само три дена, па потоа треба да одат на финално гласање на Пленарна седница.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста