ВМРО ДПМНЕ обвинува за малверзации на онкологија со биолошка терапија, од Клиниката велат немаат пари за КАТО систем

ВМРО ДПМНЕ обвинува за малверзации на онкологија со биолошка терапија, од Клиниката велат немаат пари за КАТО систем

Клиниката за онкологија губи по 38 илјади евра на секои 110 ампули поради тоа што нема КАТО систем за контрола на биолошката терапија – обвинуваат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека лекот кој предизвикува најголеми загуби, чини 350 евра за една потребна доза и наместо автоматски, се подготвува рачно. Докторската фела во комисијата, алармира дека итно треба да се преземе нешто и да се спречат манипулациите со залихата на лекови.

Денес постапката за набавка на като систем за Онкологија Министерството за здравство не ја завршува иако истата беше поништена од Биро за јавни набавки на ден 25.03.2024.

Колку за илустрација:
1. Лек кој чини 350 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 38.041 евра на секои 110 вијали
2. Лек кој чини 560 евра за една вијала, загубата на Клиниката заради рачното спремање изнесува 73.360 евра”
велат од Комисијата за здравство.

Од Клиниката за онкологија за Алфа велат дека КАТО системот не функционира поради тоа што немаат пари да го активираат.За тоа надлежни биле од Министерството за здравство. А за паричните загуби не сакаа да коментираат.

За бројките не можам да тврдам дали е така. Но за КАТО системот се стави во функција Клиниката за Онкологија нема пари. Тоа треба Министерството за здравство да го реши. Веќе имаше еден неуспешен тендер, кој беше потпишан од поранешниот министер Фатмир Меџити.Ние се бориме со моменталните средства да има лекови за пацинетите…тоа сега ни е најважно велат од раководството на Клиниката за онкологија.

Од Министерството за здравство се правдаат дека имало тендер за КАТО, ама завршил неуспешно без да ги наведат причините.

Сомнежите за злоупотреби со набавените лекови ќе ги немаше ако функционирал системот КАТО. Станува збор за систем набавен уште во 2017 година чија употреба требало да ја регулира употребата на лекраствата.

Доктори од клиниката, укажуваа дека со КАТО било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба ни поради грешка. Но по само шест месеци откако бил набавен овој систем, тогашниот директор на клиниката  Нино Васев го исфрлил од употреба. КАТО чинел 350,000 евра и бил набавен од Париз, сега стои заклучен во подрумите на Онкологија.

Инаку, скандалот онкологија каде имаше наводи за нелегална препродажба на скапи биолошки лекови веќе цели девет месеци нема разрешница.Случајот е во рацете на обвинителството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )