40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Основниот суд во Урошевац му изрече 40 дена притвор на Бесим Красниќи братот на Агим Красниќи врз основа на меѓународна потерница и сомневање дека во Македонија подготвувал тероризам и разбојништво. Заедно со него на 3 мај уапсени и уште тројцата бегалци Агим Красниќи, Фадим Тоља и Сехат Рамадани.  За нив судот во Урошевац пред два дена извести дека им е одреден 48 часовен притвор.

Неизвесна е нивната есктрадиција со оглед на тоа што според неофицијални инфорамации сите четворица имаат косовски пасоши.

Според информациите на МВР, утре Интерпол ќе го извести Министерството за правда. 

Од Министерството за правда, пак,  велат дека се уште немаат никакви информации за да можат нешто да споделат со јавноста.

Министерството за правда не може да сподели информации се додека правосудните органи не дадат информации и податоци.Така е за секој предмет за екстрадиција. Се додека не ни даде судот информации не смееме по закон да даваме информации, велат од Министерство за правда.

Исто така и од Кривичниот суд во Скопје информираат дека до денеска не добиле никакво известување од Министерството за правда за да ги припремат пресудите според кои МВР имаше распишано меѓународни поттерници.

Во Косово се уапсени за учество во тепачка, а Агим Красниќи и за убиство во обид, насилство кое се случило во октомври минатата година во кафеана во Урошевац.

Интерпол со меѓународни потерници ги бараше сите четворица. Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор.

Бесим Красниќи, брат на Афим, пак, се бара за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични дела.

Кривичниот суд на својата веб страница има објавено две пресуди поврзани со четворицата бегалци.

Едната одлука е од декември 2014 година,  во која стои дека четворицата заедно со уште шестмина други обвинети се виновни бидејќи заедно подготвувале тероризам и имале намера да ја загрозат безбедноста на Македонија.

Другата е од јануари 2015 година. Агим Красниќи и Фадиљ Точи заедно со Бесим Красниќи, кој уште тогаш бил во бегство, се осудени за предизвикување на општа опасност во предизборието во јуни во 2006 година.

Осудените во Општина Сарај со автоматско оружје и со рачен фрлач на гранати, предизвикале значителна опасност за животот и телата на луѓето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )