Наместо да се оправда Маричиќ се дозаплетка во скандалот со користењето на службено возило

Наместо да се оправда Маричиќ се дозаплетка во скандалот со користењето на службено возило

Бојан Маричиќ се закопува се подлабоко во скандалот со злоупотреба на државно возило за партиски цели. Вицепремиерот сега тврди дека постои уредба со која автомобилот му стои на располагање 24 часа.

Сепак, во упатството јасно стои дека користењето на службените возила треба да биде одобрено, оправдано, наменско и рационално и во сообразност со визијата, мисијата, целите и делокругот на работата на државниот орган согласно неговите надлежности.

Дали давањето потпис за кандидатурата на Стево Пендаровски е во согласност со визијата и мисијата и делокругот на работата на Секретаријатот за европски прашања?

Дополнително во документот стои и дека треба да има уреден патен налог пред отпочнување на користењето – кој го користел возилото, кој го возел, кога, каде, зошто и колку километри се поминати.

Треба да изврши внесување во месечниот патент налог податоци за часот на преземање на возилото, датумот и состојбата на поминати километри во моментот на преземање на возилото, стои во Одлуката за начинот на користење и одржување на службените возила

Откако Бојан Маричиќ се дозаплетка, неговиот партиски лидер Димитар Ковачевски се огради од него – вели за се во врска со автомобилот да сме го прашале вицепремиерот.

Поранешниот претседател на Антикорупциска Воислав Зафировски вели дека користењето на државни ресурси за партиски цели е незаконско, а особено кога станува збор за предизборен период.

Минатата година владејачкиот СДСМ, во дворот на партиското седиште ја најавуваше кампањата „Рамо до рамо“, а повеќето министри и кадри на партијата, од владините канцеларии до партиското седиште дојдоа со службени коли.

Службено возило си користи и министерот за политички системи Артан Груби. Пред две години, тој во Мала Речица на состанокот на ДУИ дојде со владино возило, а за тоа доби само опомена.

Неодамна и службеното возило на премиерот Талат Џафери беше паркирано на плоштадот Македонија додека тој пиеше кафе.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста