Кина продолжува со воените вежби, ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина продолжува со воените вежби, ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кинеската војска втор ден спроведува воени симулации околу Тајван, тестирајќи ги своите способности да ја преземе моќта и контролата над клучните области во вежбите чија цел е казнување на новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, соопшти Пекинг.

Дводневните вежби во Тајванскиот теснец и околу групи острови под контрола на Тајван во близина на кинескиот брег започнаа само три дена откако Лаи ја презеде функцијата и вклучуваат лажно бомбардирање на странски бродови, изјави тајвански официјален претставник.

Кинеската државна телевизија објави дека војската денеска испратила бомбардери со активни проектили за да извршат лажни напади во вежбите во близина на Тајван.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )