Вучиќ: Најмногу ме погоди гласањето на Македонија за резолуцијата за Сребреница
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа во Белград изјави дека е погоден од гласањето на резолуцијата за Сребреница од Македонија во генералното Собрание на Обединетите Нации, бидејќи „најмногу инвестирал“ во односите со таа земја.
По враќањето од Њујорк, Вучиќ за ТВ Прва изјави дека за разлика од гласањето на Црна Гора потешко е погоден од ставот на Скопје, без разлика на приказните за претходната влада.