Таткото на Леонид Индов за Алфа: Нема ништо ново, се уште не платија за лекувањето, иако Владата вети

Таткото на Леонид Индов за Алфа: Нема ништо ново, се уште не платија за лекувањето, иако Владата вети

Нема ништо ново, не платија се уште – ова го вели за ТВ Алфа , Бранко Индов, таткото на младиот Леонид кој од февруари се лекува во Виена, откако доживеа несреќа во која фатално ги повреди вратните пршлени.  

Вкупната сума за неговото лекување  е 140 илјади евра за која семејството побара помош од хуманите луѓе.  За помош се понуди Владата, но од тоа остана, само пусто ветување.

И додека граѓаните како и секогаш докажаа дека се хумани и донираа барем половина од потребната сума, државата својата хуманост и обврска и овој пат ја заборави и по којзнае кој пат на цедило ги остави граѓаните на кои им е потребна помош.

„Никој не не’ контактира до сега. Ниту од Министерството за здравство ниту од Фондот„ вели  вели за Тв Алфа Бранко Индов.

И додека од Минстерството за здравство воопшто не добивме одговор на прашањето кога и дали ќе се покрие дел од сумата за лекување како што ветија, од Фондот за Тв Алфа велат дека донеле негативно решение по однос на поднесената жалба:

„Второстепената комисија на Фондот се состана и донесе негативно решение по однос на жалбата на осигуреникот Л.И.

Нема доставено понуди од други здравствени установи во странство за дијафрагмален стимулатор со кој ќе му се олесни дишењето и ќе се намали механичката вентилација, а одговорот на центарот во Австрија каде што престојува осигуреникот не соодвествува со барањето на фондот. “

Случајот на Леонид беше искористен само за промотивна кампања и показна вежба дека и Македонија има медикоптер кој може да се користи за итни случаеви. Со помпа беше испратен во Виена, а подоцна оставен неговото семејство од сопствен џеб да го покрие трошоците за лекувањето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста