Запален уште еден автомобил на полицаец – во Велес изгоре Ауди А3

Запален уште еден автомобил на полицаец – во Велес изгоре Ауди А3

Уште еден опожарен автомобил на припадник на безбедносните сили. Два часа по полноќ било запалено Ауди А3 на полицаец од Велес, припадник на Единицата за брзо распоредување.

Противпожарната служба успеала да го локализира огнот и не дозволила да се прошири. На самото место се пронајдени неколку шишиња кои веројатно биле употребени за потпалување, а одземени се и снимки од безбденосна камера која се наоѓа во близина.

Настанот го потврди СВР Велес.

  • „За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото избршила увидна екипа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – велат од велешката полиција.

Ова е само последен од низата запалени автомобили на припадници на безбедносните служби кои се ангажирани и во затворот во Идризово. Минатата недела беше опожарено и службеното возило на директорот на казнено – поправната установа.

Претходно, пред точно една година, пред џамија запален беше автомбилот на заменик-директорот. Истиот месец изгоре и возило на чувар во скопско Ново Село. Гореа и автомобили на други вработени.

Заедничко за сите случаи е што автомобилите се запалени среде ноќ, а сторителите не се откриени. Сите пожари се подметнати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )