Ја пречекаа со букет цвеќе и црвен тепих, а ја испратија со празно ветување – Фон дер Лајен се надева на уставни измени до декември

Ја пречекаа со букет цвеќе и црвен тепих, а ја испратија со празно ветување – Фон дер Лајен се надева на уставни измени до декември

Ја пречекаа со букет цвеќе и црвен тепих, а ја испратија со празно ветување и надеж дека до декември е можно Бугарите да влезат во Уставот. Како, ниту Фон дер Лајен, ниту Ковачевски не објаснија, ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка од мнозинството на народот останува на својот став дека нема да гласа за уставни измени. Веројатно и затоа шефицата на ЕК воопшто и не се сретна со Мицкоски. По средбите со Ковачевски и Пендаровски, таа само го повтори, тоа што дипломатите ни го кажуваат веќе цела година – дека без Бугари во устав нема ЕУ.

„Навистина се надевам дека сите страни и партии ќе го искористат овој момент и ќе ги поддржат уставните измени. Се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на Македонија. Ние сакаме Македонија да биде членка на ЕУ и се надевам дека токму поради тоа движењето напред ќе биде добро и ќе биде поддржано од широко мнозинство, нагласи Фон дер Лајен.

Шефицата на ЕК не одговори конкретно на прашањето дали е возможно Македонија да добие безусловни преговори од страна на ЕУ, односно процесот на уставни измени да биде решаван во текот на преговорите, очекување кое го изрази лидерот на ВМРО-ДПМНЕ два дена пред нејзината посета на Скопје

За разлика од силниот притисок за уставни измени, Фон дер Лајен само по пат  зборуваше за неопходните реформи во праводуството и борбата против корупцијата, а воопшто не ги спомна скандалозните измени во Кривичниопт законок и злопупотребата на европското знаменце.

Иако не може да го исполни тоа што и го вети на ЕУ со прифаќање на францускиот предлог, Ковачевски е оптимист дека за седум години ќе ги исполниме сите обврски и ќе влеземе во Европската Унија.  

„Многу пати сум кажал дека јас сум човек кој верува во остварување на целта и работи целта да се оствари, ние имаме неповторлива шанса да обезбедиме европска иднина за државата со носењето на потребните одлуки во Собранието. Јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските и атланските интеграции на држава конечно за прв пат во своето политичко постоење ќе покажат во Парламентот дека се за европска иднина на државата“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

На средбите се разговарало и за Планот за раст на Западен Балкан, во вредност од 30 милијарди евра, кој предвидува макроекономска поддршка, поддршка за регионалниот пазар со што ќе се зголеми БДП на Западен Балкан ќе се зголеми за 10%,поддршка за реформите во бизнис средината, јавната администрација, јавните финансии и за реформите во судството.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста