„Крими сценарио“ во Агенцијата за филм – Антикорупциска бара кривична одговорност за директорот

„Крими сценарио“ во Агенцијата за филм – Антикорупциска бара кривична одговорност за директорот

Aнтикорупциска бара кривична одговорност за директорот на Aгенцијата за филм Бојан Лазаревски поради несовесно работење и трошење на буџетски средства на оваа установа. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска детално го образложи случајот, каде се утврдени низа нерегуларности во работењето на оваа институција.

Од страна на Агенцијата за филм до Владата не е доставен предлог за носење стратегија за развој на филмска дејност. Имено, директорот преку авторска агенција ангажирал лице од странство за изготвување на стратегијата,поради непочитување на рокот за изработка склучен и е анекс на договорот,со кој рокот за реализација е продолжен, а истовремено е зголемен надоместокот на авторот. Има забелешка и за годишниот извештај за работа на Агенцијата кој што со закаснување е доставен до Владата” – вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Но има сомнежи и околу конкурсот за неговто назначување за прв човек на Агенцијата за филм.

“Кои се намерите на Владата, зошто одлуката што е донесена пред два месеци за објавување конкурс, не е спроведена односно конкурсот не е објавен, и зошто Владата не постапува по ревизорскиот извештај” изјави Ивановска.

Дека во работењето на Агенцијата за филм има криминал алрамираа неодамна и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

Директорот Лазаревски последен пат во јавност беше на трети ноември, каде што Алфа го праша за скандалите кои ја следат институцијата кој тој ја раководи, но не сакаше да да одговори ништо.

“Не сакам да ви одговорам на вашите прашања”, рече Бојан Лазаревски, директорот на Агенцијата за филм.

Повеќе државни институции предупредија дека во Агенцијата за филм има низа нерегуларности. Апсурдот да е поголем, директорот на Агенцијата, е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста