Продолжуваат пензионерските протести: „Владините ветувања се предизборен трик“

Продолжуваат пензионерските протести: „Владините ветувања се предизборен трик“

Манипулација и предизборен трик. Вака пензионерите ги толкуваат најавите за пакетот антикризни мерки на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тие денеска од Штип го прашаа Битиќи што ќе се случува после април, бидејќи тогаш освен што ќе заврши мерката, ќе завршат и изборите.

„ Дали овие пари ќе ги даде за да добијат избори и се предизборен трик? Луѓе да се освестеме! Дали со овие малку пари што ги дават на пензионерите ќе бидат доволни за после изборите?…Уште еднаш немој да посегнувате по пензионерите, бидејќи тие се најголемата гласачка машинерија„ изјави Соња Арсова од Иницијативниот одбор на пензионери во Штип.

Вицепремиерот Битиќи најави дека сетот антикризни мерки ќе ги опфати пензионерите со примања до 19.000денари. За нив е предвидено фиксен додаток најмалку до април месец наредната година. Сепак пензионерите не отстапуваат бараат 5000денари линеарно покачување за сите.

„ Според мене ова не е реална мерка. Сакат само да ни ги замачкат очите. Помошта што ја нудат е само едно влакно, во морето. Пензијата ми е 12.900денари. Речиси целата ја давам за лекови и комуналии. За мене не останува ништо„ револтирано кажуваат пензионерите.

Речиси пет месеци македонските пензионери се на улица и бараат повисоки пензии, но засега освен најава за антикризни мерки, од власта не добија ветуваање за повисоки пензии. За утре во Тетово најавија координативен состанок на сите Иницијативни одбори, каде ќе треба да договорат какви чекори ќе преземат во иднина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста