За прв пат по две децении ДУИ се соочува со сериозна закана да биде победена на избори

За прв пат по две децении ДУИ се соочува со сериозна закана да биде победена на избори

Мртва трка меѓу албанската опозиција и ДУИ. Касами, Гаши и Меџити му дишат во врат на Ахмети. За прв пат од своето постоење интегративците се соочуваат со пораз, или во најмала рака изедначен резултат на изборите. Последните анкети покажуваат речиси исти рејтинг на здружената албанска опозиција и ДУИ, што за аналитичарите значи дека е се поизвесно дека ДУИ заминуваат опозиција.

Низата на коруптивни скандали, зголемувањето на неказнивноста, заробеноста на правдата и притисоците врз судството ја намалуваат довербата кон партијата од Мала Речица, вели за Алфа аналитичарот Фејзи Хајдари, кој посочува дека бројките на анкетите се веродостојни, и заминувањето на ДУИ на принуден одмор од власта е веќе на повидок.

Резултатите на анкетите на граѓаните покажуваат дека албанската опозиција интензивно им се приближува однсно се на исто ниво со ДУИ, конечно станува дел од нашата политичка слика. Тоа и се очекуваше после толкуте коруптивни и криминални скандали на оваа влада, како Соравија, Коридор 8, автопат Скопје-Блаце..Бобрата против криминал и корупција се токму условите кои ги бараат ЕУ и САД. Со неисполнувањето на нивните барања многу тешко се оди напред кон евроинтеграциите, вели Фејзи Хајдари – аналитичар.

Што и како ќе се случува на политичката сцена, особено во албанскиот блок, најверојатно одговор ќе даде старо новиот партер во владата, односно паријата на Таравари која неколку пати влегуваше и излегуваше од власта. Сегашниот скор, барем според последната анкета е 4,5 % доверба за Алијанса за албанците, што може да биде единствената сламка за спас за амортизирање на поразот на сегашната власт. Но и со нивите гласови, повторно ВМРО-ДПМНЕ и здружената албанска опозиција , барем според бројките од анкетите би формирале влада. Но ја губат ли Ковачевски и Ахмети поддршката од Таравари? Во последниот период јавноста беше сведок не несогласувањата на министирте од Алијанса со премиерот, особено со законот за аменстија.

Дека Таравари не би одел повторно во коалција со Ковачевски и Ахмети зборува и фактот дека тој има поставено неколку услови кои сегашната влада не покажа интерес да ги реализира. Според Хајдари и неговите непотврдени информации, Таравари прескол, и одлучил дека нема да даде поддршка на Ахмети.

Се надевам дека евентуалното разидување на партијата на Таравари и Ахмети како дел од владата ќе биде одлучувачки момент во триумфот на опозицијата. Пред неколку дена Таравари замина за Приштина и во една средба со премиерот на Косово, Курти, кој според нашите избори на Таравари му кажал дека на идните избори ќе ја поддржи овдешната опозиција на што Таравари ветил јасно дека нема да оди заедно со ДУИ на идните избори, вели Фејзи Хајдари – аналитичар.

Практично, менувањето на моменталната власт во опозиција е се поизвесно, па така и оние шпекулации за заеднички листи на изборите меѓу ДУИ и СДСМ не би биле доволни за моменталната власт да остане на Илинденска, дури и тактизирањето за дали престојните паралментарни и претседателски избори дали да се заедно или не нема да се од помош за Ахмети и Ковачевски да седнат на опоизциските столчиња во параламентот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста