Комеморација за актерот Мето Јовановски во Драмски театар-Скопје

Комеморација за актерот Мето Јовановски во Драмски театар-Скопје

Актерска големина со траен белег на македoнскиот театар. Темелен и посветен, заколнат индивидуалист, неспоредлив со друг. Колегите, учениците и почитувачите на големиот македонски актер Мето Јовановски, не штедеа зборови да го опишат ликот и делото, како и значајната улога која ја одиграл во македонската уметност.

Јовановски бил еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работел и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Има над 60 филмски и телевизиски остварувања, a добитник е и на бројни највисоки домашни, југословенски и меѓународни награди.

Мето Јовановски бил дел од генерацијата на актери кои бележат значајни успеси на Драмски театар. Преку учеството во филмските проекти, се вгради во развојот на македонската кинематографија, како и во регионалната. Поради што бил прогласен и за почесен член на црногорскиот народен театар.

  • „Мето е симбол на истрајноста, уметник кој со еднаков интензитет ја носеше автентичноста на својот роден простор и истовремено ја владееше креативната сила со која се препознава уметничката универзалност“ Порача директорот на црногорскиот народен театар, Илија Суботич.

Неговата успешна кариера започнала 1971 година во Драмскиот театар во Скопје, каде се вработил по завршувањето на Академијата за театар и филм во Софија. Бардот на макеоднскиот театар, Јовановски, почина на 77-годишна возраст, а со одлука на градски власти, ќе почива во Алејата на истакнати уметници.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста