Бојан Лазаревски има проблем да сфати зошто институциите гледаат коруптивност во неговото работење

Бојан Лазаревски има проблем да сфати зошто институциите гледаат коруптивност во неговото работење

Антикорупциска, Завод за ревизија, Министерство за култура – сите институции или најдоа корупција или дадоа негативна оценка за работењето на Агенцијата за филм, а директорот Бојан Лазаревски негира. Сепак, нема конкретен одговор што и како менаџирал во својот мандат.

Директорот Лазаревски е изненаден од извештајот на Антикорупциска бидејќи тој очекувал пофалби, а не повикување на кривична одговорност. За ревизорскиот извештај тврди дека неправилностите се влечат од претходно раководоство, а за негативниот извештај на Министерството за култура беше изненаден.

Директорот овој пат имаше горе долу спремни ставови за скандалите поврзани со негативните извештаи за неговото работење, за разлика од пред две недели кога целосно одби да одговора на прашањта од Алфа.

Сепак, и овој пат се збуни кога Алфа го праша дали на државна сметка ја понел и својата сопруга на филмскиот фестивал во Кан.

Минатата недела Министерството за култура даде негативно мислење за работењето на Бојан Лазаревски. Ова следи дури откако Антикорупциска поведе постапка и побара и кривична одговорност, а Транспаренси Интернешнл алармираше за корупциско однесување во Агенцијата.

Дека во работењето на Агенцијата за филм има криминал алрамираа неодамна и бројни филмски работници. Режисерот Милчо Манчевски обвини дека Агенцијата е претворена во дувло на криминал и неспособност, додека пак, режисерот Јани Бојаџи алармираше дека се финансираат проекти само на уметници подобни за власта.

Инаку директорот на Агенцијата е назначен на функцијата иако нема никаква врска со филм, и доаѓа со претходно искуство од банкарскиот сектор.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста