Ќерката на убиениот Панче: Не знаевме ништо, сега слушаме за деталите

Ќерката на убиениот Панче: Не знаевме ништо, сега слушаме за деталите

10 дена агонија, без никаква информација дали Панче Жежовски е жив или мртов. Ќерката на 74 годишниот пензионер од Велес за Алфа раскажува дека дури сега ги дознаваат деталите за грабнувањето и убиството на нејзниот татко. Неговото исчезнување беше во сенка откако целото внимание на јавноста беше насочено кон случајот со младата ученичка.

  • Не знаевме. Сето ова што го слушаме е ново за нас. Не знам ништо и не можам ништо повеќе да ви кажам. Јас колку што знам, татко ми немал закани и притисоци во минатото – изјави Македонка Жежовска за Алфа ТВ.

Македонка два дена по исчезнувањето на нејзиниот татко преку социјалните мрежи побара помош тој да биде пронајден. Таа тогаш објавни фотографија и од него, но и од автомобилот Ситроен за кој подоцна се испостави дека бил употребен за киднапирањето на Вања.

Според полицијата и обвинителството Панче бил убиен оти должел околу 500 евра, но и за да му биде одземен автомобилот.

Откако билa убиена Вања, возилото на Панче било полиено со бензин и запалено, а од полицијата велат дека знаеле и кој го набавил бензинот и од која бензинска пумпа.

Пензионерот Жежовски беше грабнат на 22 ноември од својот дом, два дена пред неговата ќерка да го пријави како исчезнат. Убиен е и закопан на патот Велес – Скопје.ж

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста