Катастрофална состојба во македонските затвори

Катастрофална состојба во македонските затвори

Пренатрупеност, супстандарни услови за издржување казна но и несоодветна здраствена заштита, незадоволна затворска полиција, која нема ниту соодветна ниту доволно опрема, а и тие се чуствуваат небезбедни бидејќи секојдневно трпат притисоци и закани лично и насочени кон нивните семејства.

Ова се само дел од слабостите кои ги детектира Хелсиншкиот комитет заедно со Македонското здружение на млади правници за состојбата во затворите и психијатриските болници во Македонија. Ваквите услови во установи се резултат на негрижата на државата, констатирааат граѓанските организации.

  • Тоа значи дека нашата држава и понатаму не вложува во она што значи одржување на овие институции. Единствено нешто во кое се движиме напред е што ни се дозволува да влегуваме, колегите од Управата за извршување се колегијални, ни ги даваат информациите што ни се потребни“ рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.
  • „Суштината на проблемот лежи во финансиите, односно колку финансиски средства се издвојуваат за овие установи“ рече Александра Цветановска, МЗМП.

Во најголемиот затвор „Идризово“ веќе е прогласена кризна состојба бидејќи нема доволен број полицајци за да ги чуваат затворениците. Директорот Зоран Јовановски, вели ситуацијата ќе остане таква додека приправниците не добијат решенија за вработување. Внесувањето остри предмети, ладно оружје, дрога, алкохол според Јовановски ќе се регулира кога ќе ги добијат скенирите кои ги барале, а сзатворот прави редовни акции.   

  • „Во последно време немаме бегства од затворите. Кризната состојба е прогласена на територијата на Управата поради тоа што имаме голем број на затворски полицајци кои се приправници и немаат решение за вработување како затворски полицајци. Додека тие се приправници, ќе има кризна состојба“, рече Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“.

За лошите затворски услови и состојбите во специјалните здраствени установи постојано алармира и народниот правобранител, но констатирани беа и во Извештајот на ЕК за минатата година.

https://youtu.be/PqDp4fVk5Pg
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста