„Фото бомба“ на Aхмети и Груби – Се уфрлија кај лидерите од Балканот и дипломатите од САД и од ЕУ

„Фото бомба“ на Aхмети и Груби – Се уфрлија кај лидерите од Балканот и дипломатите од САД и од ЕУ

Не може да има фотографија од балкански лидери, а на неа да ги нема Ахмети и Груби. Па така, првенците на ДУИ, надвор од секаков протокол, во стилот на „фото бомба„ се појавија на синоќешната фамилијарна фотографија од дочекот на лидерите на Западен Балкан, кои учествуваа на самитот во Скопје.

На фотографијата, која на своите фејсбук профили ја објавија дел од лидерите, покрај претседателите, премиерите, високите дипломати од ЕУ и САД, се гледа и присуството на Ахмети и Груби, но нема одговор во која улога се на сликата. Едниот е вицепремиер, другиот лидер на партија. Според протокол, ако на средбата е присутен премиерот, тогаш нема никаква потреба таму да е неговиот заменик, во случајов Груби. Во истовреме, станува збор за средба на лидери на држави, а не на партии, така што скандалозно е и присуството на Ахмети, кој нема никаква државна функција.

Ако е присутен како претседател на некоја коалициона партија на власта, зошто ги нема другите претседатели од коалицијата? Јавноста коментира дека со оваа фотографија, всушност Ахмети и Груби симболично покажуваат кој владее во Македонија.

Втора проблематична работа, е и присуството на Александар Сорос, кој по ниту една функција не му е место на фотографија од самит на лидерот од Балканот со дипломати од САД и ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста