Измените во КЗ ќе и се удрат од глава на власта-ЕК го пишува Извештајот за 2023

Измените во КЗ ќе и се удрат од глава на власта-ЕК го пишува Извештајот за 2023

Се повеќе извесно е дека слободата на поранешните функционери гонети од СЈО овозможена со измените на Кривичниот законик ќе се најдат во Извештајот на Европската комисија за 2023 кој пристигнува за десетина дена.

Законите со европско знаменце за кои преставници на меѓународните заедница предупредуваа дека се злоупотребувани во Собранието нема да поминат без остри критики од ЕК со оглед на тоа што за скандалите и злоупотребите на правосудсниот систем реагираа повеќе амбасадори и претставници на меѓународната заедница во земјава.

Тонско: Дејвид Гир, евроамбасадор во Македонија 14.09.2023

– Европската комисија имаше неколку забелешки. Прво изрази загриженост за употреба на европското знаменце на овој начин за да го забрза допнесувањето на некој закон со што се скратува можноста за јавна дебата во земјата. Комисијата исто така изрази голема загриженост дека некои од амандманите на законот се ризик за зголемување на неказнивоста. – рече Гир.

Во исчекување на Извештајот на Европската комисија за 2023, власта не може да се надева на пофалби за реформи во правосудството и подобрување на борбата против корупцијата, туку може да очекува извештај за фијаското на правниот поредок. Во ланскиот извештај на ЕК за борба против корупцијата, Макеоднија доби препораки да се завршттат постапките за корупција, а власта набрзина скрои и си изгласа закон со кои застарија злоупотребите на поранешните функционери, а на идните воопшто нема ни да им се суди за злоупотреба на буџетски пари.

Извадок од Извештај на ЕК за 2022 во делот за борба против корупција

Макеоднија да продолжи да го зголемува бројот на правосилни пресуди во предмети на корупција на високо ниво, вклучувајќи и конфискација на криминални средства, конфискација заснована на вредност, конфискација врз основа на вредност, проширена конфискација и конфискација од трета страна.

Колапсот на македонското правосудство и довербата од 2 % на ниво на статистичка грешка доби јаготка на шлагот со застарувањето на кривичните дела на функционерите гонети за злоупотреби на народни пари.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста