По прилозите на ТВ Алфа за семејно насилство, институциите реагираат, но не и најповиканото, Министерството за труд и социјална политика

По прилозите на ТВ Алфа за семејно насилство, институциите реагираат, но не и најповиканото, Министерството за труд и социјална политика

Откако Телевизија Алфа ги објави приказните на Љупка и Ирена, жртви на семејно насилство кои не добиле заштита од институциите, приказна која ја делат десетици други жени во државата, јавноста реагираше, но за среќа и една од надлежните од институции.

Министертсвото за внатрешни работи покажало заинтересираност за сведочењето на Ирена пред камерата на Тв Алфа, дека инспектор ја одвраќал да пријави семејно насилство иако имала видлива повреда на главата.

– Зошто сега ти да пријавиш, вие ќе си се смирите. Смири се ти сега, врати си се и со тие зборови јас на климави нозе. Прв пат одиш, не си сигурна во себе јас се вратив, објаснува Ирена Димоска.

За разлика од нив, министерката за труд и социјлана политика, Јована Тренчевска, во гостување на утринската емисија на Алфа, ги бранеше центрите за социјална работа, постапувале по протоколи, не кажувајќи дека многу често наместо да ги третираат како жртви на семејно насилство, ги водат како случаи на нарушени семејни односи.

Жртвите се жалат дека ниту нивните деца добиле соодветна заштита и помош од Центрите за социјална работа.

-Психолошка поддршка за децата е потребна. И тоа го барав и тоа не го добив од социјланите служби. Иако еве веќе година дена ми ветуваат дека ќе обезбедат психолог, вели Љупка Мачкова.

-Психолошка поддршка апсолутно, изумив да споменам, таа ја побарав од центарот за социјални работи и не јадобив. Ја побарав за своето дете.

-Што ви кажаа?

-Тоа беше културно откачување: „Ќе ви се јавиме“. И остана на тоа „ќе се јавиме“. Никогаш не се јавија, сведочи Мими Стојановска.

Децата според психолозите страдаат во целиот процес, а траумите ако не се третирани од стручни лица, оставаат траги кои се за цел живот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста