Експерти: Спрегата понеѓу затвореници и чувари е причината за хаосот во Идризово

Експерти: Спрегата понеѓу затвореници и чувари е причината за хаосот во Идризово

Кој кого чува во Идризово? Затворските чувари и командири ги сменија улогите со затворениците, па за проверка на камерите во ќелиите, стампедо од осуденици одлучи дали претставниците од кај Народниот правобранител ќе имаат пристап до нив, за да видат што се случило викендов при полициската  рација што прерасна во тепачка со клоци и тупаници.

За нецела недела, не само што  затворските стражари на двапати беа немоќни да ги спречат затворениците да дадат отпор при проверки, туку напротив, членовите на нарко клановите се однесуваат како да се Пабло Ескобар зад решетките во Идризово.

Хаосот и корупцијата во затворот, е тема стара со децении, а уште постара енигма е кој дозволува внесување на дрога и оружје и кој замижува пред пропустите на затворската контрола.

Дел од правната фела е зачудена од однесувањето на Обвинителството кое не сака да ја исчисти испреплетената мрежа од изнуди, уцени и корупција. Ако судската пракса брои случаи со над стотина обвинети, според адвокатот Давидовиќ, сите вработени во Идризово, задолжени за контрола на внес на дрога и оружје треба да одговараат за злоупотреба на службената положба.

Лошата инфраструктура на затворот, но блиската соработка меѓу вработени и затвореници дозволуваат во затворот Идризово да царува корупција, а дел од осудениците да се однесуваат како вистинки нарко босови, брифираат извори за Алфа. Многубројните полициски рации и претреси на ќелиите резултираат со постапки против осуденици, а никогаш против вработени во Идризово. 

Неодамна, Обвинителството за организиран криминал отвори истрага за корупција и изнуда против некокумина вработени во затворот. Засега детали не се соопштуваат во интерес на истрагата.

Во меѓувреме, затворениците од полуотвореното одделение се попишманија за штрајкот со глад. По судрирот со полицијата, цело полуотворено одделение гладуваше само еден ден и  бараше средби со народниот правобранител и пружање на лекарска помош.

Исто така, екипа од Управата за извршување на санкции неколку дена е во затворот да врши проверки за тоа кој на кого му удирал клоци и тупаници.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста