Советник во Град Скопје со низа обвинувања за градоначалникот на Карпош

Советник во Град Скопје со низа обвинувања за градоначалникот на Карпош

Советникот во Град Скопје, Петар Милетиќ, на својот Фејсбук профил директно го прашува градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, што се случува со менувачницата во Сити мол која наводно е во сопственост на неговата сопруга и дали поради негово влијание, сопругата држи монопол на бизнисот со менувачници во шопинг центарот.

Исто така, тој го прашува Јакимовски дали во Општина Карпош постои предмет за нелегално доддформено замјипте за кое Министерството за тарнсоирт и врски му поништеле две решенија. Според Милетиќ во предмеот му се одземени правата на сопственикот на земјиштето.

„ Дали во моментов има предмет во општина Карпош за кој Министерството за транспорт и врски му поништува две решенија, а се однесуваат на нелегално дооформено земјиште? Дали во тој предмет му се одземени правата на еден сопственик и дали истиот инвеститор го уценува и бара противуслуга за да го реши предметот, а кој според законите на Р.М е кристално чист. И дали на тоа исто земјиште има запишано негови луѓе?“, прашува советникот.

Советникот Милетиќ пишува дека Стевчо Јакимовски во неговите јавни претпријатија во Град Скопје има именувано заменик директор кој е осуден за местење тендери. Според неговите информации заменик директорот е Никола Николовски познат како „Нита“ кој бил дел од комисијата во општина Карпош задолжен за проверка на тендерската документација. Директорот го признал делото и бил условно осуден, пишува советникот на Град Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста