Државната помош за учениците е дискриминаторска – Родители најавуваат претставки до надлежните институции

Државната помош за учениците е дискриминаторска – Родители најавуваат претставки до надлежните институции

Целосна дискриминација и поделба на учениците,но и на родителите е државна помош која што владата ќе им ја доделува на одредрена категорија основци и средношколци-грмат од граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има.”Владата изнедри нова одлука за финансиска поддршка во износ од 1.800 денари за учениците од средното образование, односно 1 200 за основците чии семејства имаат вкупни месечни приходи до 50.000 денари. За ова,граѓанските активисти подготвуваат и претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Според нив ова е потполно погрешен пристап,не смееше да се дозволи велат, наставниците дирекно да и праќаат линкови на децата каде нивните родителите треба да се пријават на јавниот повик.

  • “Мамо наставникот ни даде линк да се пријавите, ќе имаме помош 6 месеци од 1.200 денари.Секое дете има своја потреба да се радува на нештото, меѓутоа фидбекот на родителот вели: дете не се радувај на тие работи затоа што ние немаме право на нив.Не требаше ова дирекно да им се каже на децата дирекно да бидат изложени на дискриминација и на поделени чувства”-вели Драгана Спасевска од социјација од граѓанската иницијатива “Учебници и натава мора да има.”

Моментално во училиштата е хаотично,административните работници се преоптоварени,не се знае кој јаде и кој пие бидејќи рокот за аплицирање е до 24 јануари, што е прекратко кога ќе се земе предвид преобемната и непотребна документација што треба да ја прибават родителите за да аплицираат за 1.200 денари месечно.Постапката велат граѓанските активисти воопшто не требаше да оди преку министертсвото за образование.Потребните податоци можеа комплетно да се земат од Центарот за социјални грижи,па дури и од УЈП,без да се инволвираат училиштата. На крајот на краиштата,не се работи за тие неколку месеци парична помош,туку за повредените чувства на оние ученици кои не можат да ја уживаат.

  • “Во соседна Србија имаше помош за сите ученици до 16 години воошто немаше селекција колкави примања имаат родителите и тоа воопшто не се бараше да дојде до израз.Секој ученик до 16 години со потврда дека е ученик имаше право на помош.И така се работи во една стабилна држава во која сите граѓани и сите ученици ќе бидат еднакви во однос на сите права кои што треба да ги уживаат “ – вели Драгана Спасевска

По силните реакции од образование излегоа со ново соопштение со кое се бара од родителите пред да аплицираат, да ги приложат изводите од банките каде имате трансакциски сметки за последниот месец.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста