Засега ништо од ветувањата за отворање на преминот „Клепало“ кај Берово

Засега ништо од ветувањата за отворање на преминот „Клепало“ кај Берово

Беровци се уште го чекат најблискиот пат до Европа. Речиси и по три децении од потпишувањето на договорот со Бугарија, нема абер од отварањето на граничниот премин Клепало кај Берово. Нова надеж за целосно препородување на Малешевијата, повторно се буди, откако Македонија доби грант од 4,5милиони евра.

  • „Очекувам некаде февруари или март да биде објавен јавниот повик за завршување на градежните работи и реконструкција на целокупната зграда. Истовремено и бугарската страна,бидејќи е заеднички проект преку програмата Крос бордер и они интензивно работат на доградба и на пристапниот пат, во рамки на обезбедување на парите„ изјави Златко Ветеровски, директор на Секторот за меѓународна соработка и европска интеграција

Во текот на наредната година се очекува реконструкција на зградата, како и целосна модернизација и проширување на граничниот премин „Станке Лисичково„ кај Делчево.

Инаку во 1993 година нашата држава и Бугарија потпишаа договор за изградба на три гранични премини „Клепало„кај Берово, „Црна скала„ кај Делчево и „Ајдутски кладенец„ кај Пехчево.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста