Директорот на училиштето во подгорци молчи, министерот Шаќири го релативизира веењето на знамето на голема Албанија

Директорот на училиштето во подгорци молчи, министерот Шаќири го релативизира веењето на знамето на голема Албанија

Молк од основното училиште “Гоце Делчев” во струшко Подгорци каде се организираше скандалозна прослава по повод денот на албанското знаме.На свеченоста се пееле песни за Голема Албанија,се вееле знамиња со изцртани карти од Голема Албанија со делови од територијата на Македонија во неа,за што постои и аматерска видео снимка. Директорот на училиштето Адем Ајдароски не одговори на нашите прашања,кои на негово барање му ги испративме по писмен пат.Не интересираше: зошто дозволил да се организира прослава на ваков начин,која е потребата и целта од сето ова ? Го прашавме и дали според него ова не е класична злоупотреба на децата? Не одговори и дали е подготвен да понесете одговорност за овој чин ?
Случајно или не, во Подгорци денеска бил и министерот за образование Јетон Шаќири,ама не за да побара одговорност од директорот на училиштето,туку да видел со која динамика се одвивале инвестициите.

  • “Што се однесува до свеченоста, од директорот добив информација дека спорниот настан се случил на крајот од манифестацијата, а не во официјалниот дел. Апелирам во иднина да се избегнуваат вакви ситуации”. – Истакна Јетон Шаќири-министер за образование.

Се обративме и до МВР како и до основното јавно обвинителство,дали согласно член 272 ќе поведат кривична постапка против организаторот на прославата и сите учесници, за сторено кривично дело предизвикување на омраза,раздор и нетрпеливост, по национална,верска и друга дискриминаторска основа. Одговор добивме само од ОЈО

  • ”До Основното јавно обвинителство Струга не е поднесено ниту известување, ниту кривична пријава за настан каков што наведувате. Доколку биде поднесена пријава од органите надлежни за откривање на кривични дела и сторители или известување за настанот, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности“. – Велат од ОЈО.

Инаку основното училиште во Подгорци e актуелно и по тоа што од страна на раководството се правеле обиди за негово преименување од Гоце Делчев во Усеин Идризи. Директорот чие уверение за завршено високо образобание од Меѓународниот универзитет во Струга,го чешла обинителството,не одговори нити кој е Усеин Идризи и зошто би се преименувало училиштето во кое настава на албански јазик следат само 6 ученици додека 259 ученици учат на македински јазик.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста