Партизација на АЕК – Адвокатот на Заев, Мирослав Вујиќ кандидат за Комисијата на независниот регулатор   

Партизација на АЕК – Адвокатот на Заев, Мирослав Вујиќ кандидат за Комисијата на независниот регулатор   

Институцијата со највисоки плати, наместо да биде независен регулатор на пазарот за електронски комуникации, на голема врата се користи за вдомување на  партиски кадри. 

Адвокатот на екс-премиерот Заев и поранешен кандидат за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Мирослав Вујиќ, поранешенешниот советник од СДСМ во општина Карпош, Владимир Станивуковиќ, а и правниот застапник на Социјал-демократите, Стевица Јосифовски, се тројца од вкупно 9-те кандидати кои ќе се борат за две столчиња во Комисијата на АЕК, тело на Агенцијата кое котира високо заедно со директорот.  

Алфа го контактираше Вујиќ, кој ја потврди кандидатурата за Комисијата на АЕК.

  • Да, имаше јавен оглас од Собранието, јас се кандидирав. Немам никакви дополнителни информации“, вели за Алфа, Мирослав Вујиќ.  

И Станивуковиќ, кој во претходниот мандат од 2017 до 2021-ва бил советник во општина Карпош, се бори за столче во АЕК. Партиски извори за Алфа брифираат дека Станивувиќ важи за близок човек на премиерот Ковачевски.

Стевица Јосифовски пак кој веќе едел од Комисијата на АЕК, сака пратениците да му дадат уште една шанса долга пет години.

Двајца нови членови треба да избере Собранието за Комисијата во Агенцијата за електронски комуникации, освен што треба да го имаат соодветното образование, според законските одредби не смее да бидат партиски членови.

Закон за електронски комуникации:

Во текот на времетраењето на својот мандат членовите на Комисијата не можат да бидат пратеници во Собранието на Република Македонија, членови на Владата на Република Македонија, како и лица кои извршуваат должности во органите и телата на политички партии, како и да бидат вработени во оператори“.

Алфа од свои извори дојде до имињата, а пријавени се четворица Македонци, и пет Албанци. Според истите извори, договорот што паднал меѓу владејачките партии уште кога се формирала владината коалиција, било дека овие две места ќе бидат резервирани за Социјал-демократите. Но сега, стравуваат дали ДУИ ќе даде поддршка за нивните кандидати, а и битка има и меѓусебно во партијата на Ковачевски, поради поделеноста и различните ставови во партиските табори, брифираат за Алфа.

Од друга страна, Собранието досега нема објавено детали за кандидатите, а и од Комисијата за прашања на изборите и именувањата нема закажано седница по овој оглас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста