Битиќи: Може да ги зголемиме платите во јавниот сектор, ако нашите родители, баби, дедовци добиваа соодветни услуги  

Битиќи: Може да ги зголемиме платите во јавниот сектор, ако нашите родители, баби, дедовци добиваа соодветни услуги  

Наместо решенија , Владата обвинува дека луѓето кои се на улица да бараат поголеми плати не си ја вршат работата .  Не било проблем да ги зголемат платите на здравствените работници и на судската администрација ама граѓаните не добивале добри услуги  , а ако се зголемеле платите  ќе морале да трпат пензионерите и студентите .   Ваквите одговори од вицепремиерот Битиќи веќе јасно укажуваат дека Владата нема намера да го одврзе ќесето . Според најавите од Тренчевска и од Битиќи усогласување на платите ќе има дури во март 2025 кога ќе почне да се применува методологијата коефицинет по просечна плата.

– Ние правиме се што е потребно. Со министерката сме вклкучени во сите преговори и немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство притоа ако имаме услуги соодвтени за нашите родители, баби и дедовци. Немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и обвинителство, ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши нивната судбина. Нема проблем, ќе решиме се, ама да не биде на штета на другите. Притоа, ако зголемуваме во судство, здравство, ќе треба да скратиме од пензиите, од студентските обртоци и од книгите за учениците. Изборот е тој, можностите се тие – рече Битиќи.

Нема за повисоки плати за судство и администрација, ама има за зголемените плати на функционерите . Владата никако да го изготви предлог решението со кое ќе се намалат платите . Повторно си зададоа нов рок – до крајот на месецов. Се чекал Министерот за информатичко општество и администрација да се врати од пат .  За зголемените плати на функционерите идната година планирани се плус  15 милиони евра  .

Предлогот сè уште не е готов, министерот за информатичко општество не беше во државата овие денови. Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември затоа што, секако, ќе изискува законски измени, кои понатаму треба да поминат во Собранието, рече Битиќи.

 Најмногу пари идната година власта ќе троши токму за плати и надоместоци.  Од 5.5 милијарди евра колку што тежи државната каса, 3.3 се за плати .  Ама и покрај ова, власта уверува дека скроила развоен буџет поради капиталните инвестиции кои се проектирани на 733 милиони , слично како и минатата година па беа скратени со прераспределба.  Развојната компонента ја гледале во тоа што иако скратени капиталните расходи , досега реализирале рекордно ниво . Кои се капиталните инвестиции, никој не гледа.

Најдрастично зголемен Буџет за догодина има за во Собранието . Вкупно ќе добијат околу 5 милиони повеќе од годинава . Од 14 , 7 милиони евра кои се предвидени за Парламентот  10, 1 милион ќе се  потрошат за плати на пратениците и вработените.  

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста