НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковачевски како да не смее да го чепне Ахмети: Иако ДУИ први го политизираа крстот на Попова Шапка, за премиерот виновни биле БЕСА

Ковачевски како да не смее да го чепне Ахмети: Иако ДУИ први го политизираа крстот на Попова Шапка, за премиерот виновни биле БЕСА

ДУИ го политизираше, ама премиерот Димитар Ковачевски не сака да го впери прстот во својот коалциононен партнер од кого му зависи власта, па вината ја најде кај Беса. Според него политиката не требала да се меша во верата, но реши да не ја споменува партијата ја Ахмети, кој прва реагираше на оваа тема, дека крстот бил договор меѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ,

Во државата постојат политичари пред се тука мислам на опозицијата, која што во моментов го води градот Тетово, кои што во немање на простор и немање на проекти, реално да покажат на граѓаните што имаат направено. Единствено што им останува е да ги подгреваат национални, верски и други чувства на граѓаните, затоа уште еднаш повторувам, политиката треба да ги тргне рацете од верата, изјави Ковачевски.

Говорејќи на оваа тема, Ковачевски смета дека на државата и требаат одлуки во однос на интеграриње во ЕУ, во спротивно ќе сме гледале тоа што се случувало 11 години, споменувајќи инцидентите на Кале поради изградбата на црква, во кој учествуваше неговиот прв заменик Артан Груби.

Инаку, откако Беса го прозва директорот на Државниот инспекторат за градежништво да го урне крстот на Попова Шапка и најави дека ќе постапеле согласно закон, и премиерот Димитар Ковачевски побара некакво законско решение за овој верски објект, поставен во двор на црква. Споредувајќи ги сите градежни објекти и Ковачевски, како и неговите коалициони партнери од ДУИ, најде политика во неговото поставување: било со цел подгревање на меѓуетничките тензии.

-Сите спорови кои што произлегуваат, во однос на било какви градежни објекти, без исклучок и без никаква субјективност треба да бидат решавани во рамки на законот и во рамки на институциите, се разбира почитувајќи ја секуларноста на државата и почитувајќи ја потребата за верско изразување на сите наши граѓани, повторувам уште еднаш без разлика на која вера припаѓаат, изјави Ковачевски.

За партиите од албанскиот политички блок не беше проблем џамијата дивоградба на Попова Пашка, но крстот стана причина за жестоки реакции. Од Беса најавија дека ќе бил по законски пат отстранет. Додека политичарите се препукуваат и обвинуваат реагираа од црковниот одбор, велат најприродно било во двор на црква да биде поставен крст.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста