Антимонополската комисија удри по контроверзните „енергетски закони“ на власта

Антимонополската комисија удри по контроверзните „енергетски закони“ на власта

Владата го прекршила Законот за стратешки инвестиции и без позитивно мислење од Антимонополската комисија ги испратила законите за стратешки инвестиции во Собранието?

Комисијата не дала преодна оценка за договорот со Митилнеос кој предвидува и директна државна помош од речиси 50 милиони евра. Истиот ден кога законите беа во Собрание Антимонополска побарала дообјаснување.

Во едната верзија од Предлог – Договорот стои член 11 ( поттикнувачки мерки) кој меѓу другото предвидува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го поддржи и одбрани доделувањето на пакетот на државната помош пред надлежните судови. Ова е целосно неприфатливо и Комисијата бара бришење на оваа формулација, се наведува во мислењето.

Освен оваа во мислењето на Комисијата до кое дојде Алфа има и низа други забелешки.

Но, скандалот не завршува тука. Не само што очигледно пратениците не можеле да го видат мислењето оти се донело на истиот ден кога законите беа на Пленарна седница, туку  како што не информираа од Здружението на инженери, Владата испратила две верзии на предлог договорот до комисијата односно еден пред пратениците, а друга верзија пред комисијата.

Нема информација ниту како постапил Државниот правобранител кој исто така треба да даде мислење. Алфа веќе цела недела бара одговор како и дали постапила оваа институција чија надлежност е да го штити државниот буџет и имот.

Доделувањето на државната помош е спорна и за Министерството за економија . Според најавите од пред неколку денови се очекува на владина седница да побараат дополнително објаснување на Договорот па и повлекување на Законот од собраниска процедура.

Од друга страна вицепремиерот Фатмир Битиќи не се откажува од своите намери. Тој во последното интервју  тврди дека немало да има оштетување на буџетот за секое евро државна помош во државната каса ќе се слееле помеѓу две или три евра, а критиките кои доаѓале кон Митилинеос било израз на профитно мотивирана желба да се стопира проектот. Тој експертите од Здружението на инженери со над 30 години искуство ги обвини дека биле политички мотивирани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста