Откако создадоа хаос, власта сега се сети замената на возачките и сообраќајните дозволи да стане бесплатна

Откако создадоа хаос, власта сега се сети замената на возачките и сообраќајните дозволи да стане бесплатна

После војна сите генерали – цели пет години ништо не се правеше, сега Владата „се ставала во служба на граѓаните“ . Од утре возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се сменат ќе бидат бесплатни, а откако им се направи и вистински хаос на луѓето кои сакаа да си дојдат дома од странство, Владата го задолжи МНР и патните листови за овие граѓани да бидат без надомест. Онаму каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови да биде онлајн и испратено по пошта.

Одлуката е денеска донесена на влада. Си изготвуваат сите наши интерни акти кои ќе бидат потпишани од мене и од министерот за внатрешни работи“, вели Митко Бојмацалиев заменик министер за внатрешни работи

Граѓаните веројатно и ќе ја поздравеа оваа одлука, ако деновиве не беа соочени со целосен хаос во однос на овие документи. Трудејќи се да се оправда за одговорноста, вицепремиерот Фатмир Битиќи се заплетка – кажуваше дека понекогаш се заборавале работи, па имало пандемија, виновна била короната и на никого не му се патувало, и на крај да заврши со тоа дека требало да има и поголема медиумска кампања, ама за тоа немало пари.

Има одредени работи кои за жал ги забораваме. Бевме во период на ковид криза во која најверојатно издавањето на патни исправи не беше прва нужност. Не знам колку од нашите сограѓани мислеа на патување. Мислам дека првите патни исправи се издавани во јули 2021 година и можеби во овој период требаше поголема медиумска кампања

Вицепремиерот признава дека имало дискриминација кон луѓето кои веќе платиле за вадење документи после промената на името, а сепак добиле личен документ со старото име. Тоа за него било неетичко. Ама нема никаков план што ќе прават сега – ќе ги враќаат парите или не.

„моето лично мислење е дека е дискриминација за тие кои биле совесни да постапат согласно законските измени и на време поднеле барање за промена на личните документи.

Како да не беше доволно, деновиве меѓу граѓаните се крена и паника дека иако имаат документи со додавката северна, повторно ќе треба да ги менуваат заради кодот. Сепак, од мнр информираат дека кодот „МК” или „МКД“ останува на дозволите и на сите други документи кои го носат називот „Северна Македонија”. Во врска со наводите за враќање на наши граѓани од граничните премини со Грција, заради кодот МК, МНР стапило во контакт со грчката страна и добило уверување дека тоа не е, и нема да биде проблем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста