Агенцијата за филм ги дели уметниците на „подобни и неподобни“ и фаворизира проекти – прифатена жалба на режисерот Бојаџи

Агенцијата за филм ги дели уметниците на „подобни и неподобни“ и фаворизира проекти – прифатена жалба на режисерот Бојаџи

Потврда за политичките игри и делењето на уметниците на „наши и ваши“, но и надеж за правда. Вака режисерот Јани Бојаџи ја коментира позитивната одлука на Второстепената комисија за жалби која и наложува на Агенцијата за филм повторно да го разгледа проектот „Русите доаѓаат во Шугарленд“ кој беше одбиен откако еден од рецензентите не му даде додволно бодови. Бојаџи смета дека конечно е дојдено време, некој да се спротистави на сето она што се случува во телото кое треба да ја поддржува и финансира македонската филмска индустрија.

  • Нашата идеја беше да започнеме правна процедура, правна постапка против Агенцијата за филм, против една номенклатура, која ја контролира во Макеоднија и да дојдеме до правда низ институциите на системот.“ – Изјави режисерот и продуцент, Јани Бојаџи.

Второстепената комисија за жалби утврдила дека Агенцијата за филм не ги оценувала проектите според јасни и транспарентни критериуми и направила суштествени повреди на постапката, па целиот процес го враќа на почеток.

  • Неопходна е потребата од транспарентност, отчетност и стручност на таа Комисија која има пресудно значење при одлучувањето за проектите на кандидатите. – Пишува во решението на Државната комисија за одлучување по управна постапка во втор степен.

Јани Бојаџи вели дека филмската индустрија во Македонија е заробена од поранешната „црвена буржуазија“, која се крие зад филмските работници и се уште влијае на процесите.

  • „Она што мене ме лично ме загрижува во овој случај, таа олигархија на црвената буржуазија која што управува со современите текови на општественото живеење во културата и уметноста во Макеоднија, повторно манипулира со една млада жена, која е искорестина како полуга, со цел да ме оцрни мене лично како човек, а не авторското дело, сценариото, односно проектот со кој ние сме конкурирале во агенцијата за филм“ – Истакна Бојаџи.

Во последните години Јани Бојаџи нема добиено ниту денар пари од државата, вели дека тоа не го обесхрабрува туку само го поттикнува да создава нови дела, како последниот долгометражен филм Кино Љубов, серијата „Бистра вода“, а во моментов работи и на нов телевизиски проект кој веќе е во фаза на снимање.

Бојаџи им порача на оние кои исто така се обесправени од државата, да не се плашат. Да се охрабрат и да се спротистават, преку создавање на уметност, бидејќи тоа е единствениот начин.

Инаку филмот „Русите доаѓаат во Шугарленд“ кој за Агенцијата за филм не бил доволно интересен, обработува пост апокалиптична приказна на Балканот – руски нуклеарен напад на американската воената база „Бондстил“ на Косово и пустошот кој произлегува од него.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста